26.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Германија во 2024 додели државјанство на рекорден број странци, меѓу нив 2.805 Македонци

Во Германија во 2024 година се натурализирани 291.955 странски државјани, што претставува рекорден број од почетокот на водењето на статистиката во 2000 година, соопшти Сојузниот завод за статистика во Висбаден.

Бројот претставува зголемување од 46 отсто во споредба со претходната година. Меѓу новите државјани, 2.805 се државјани на Северна Македонија — значително повеќе од 665 лица во 2023 година. Според податоците, 1.375 од новите македонски државјани се мажи, а 1.430 жени. Просечната возраст изнесува 30,8 години, а 560 од нив се малолетни.

Од земјите од Западен Балкан, најмногу натурализирани се државјаните на Косово (7.480), Србија (4.675), Босна и Херцеговина (3.905), Албанија (3.115), додека најмалку има од Црна Гора – 355 лица.

Зголемувањето на бројот на натурализации се поврзува со измените во германскиот Закон за државјанство, кои стапија во сила во јуни 2024. Новите правила овозможуваат задржување на претходното државјанство и го скратуваат потребниот престој за аплицирање од осум на пет години – или дури на три години за оние со посебни академски или професионални постигнувања. Според заводот, околу седум проценти од натурализациите во 2024 година се случиле по скратен престој.

Најголем број од натурализираните во 2024 година се државјани на Сирија – 28 отсто. Следуваат Турција (осум отсто), Ирак (пет отсто), Русија (четири отсто) и Авганистан (три отсто). Натурализацијата на руски државјани бележи најголем раст – зголемување од 551 отсто, достигнувајќи 12.980 лица.

 

 

Related posts

Расте поддршката за Арбен Таравари

admin

Сиљановска: Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот

admin

Скопје усвои ребаланс на буџетот, најавени нови паркови, автобуси и реконструкции

admin

Србите го слават Видовдан, инциденти на Косово

admin

Виснер: Западен Балкан нема да биде приоритет на администрацијата на Трамп

admin

Тајни мејлови го поврзуваат Бил Гејтс со Епстин: тврдења за болест, антибиотици и ‘руски девојки’

admin