35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: ВЛЕН се претвори во неуспешен проект – барам прошка од граѓаните

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска, по повод една година од формирањето на владата предводена од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ЗНАМ – ВЛЕН, изрази разочараност од досегашното владеење и посочи дека политичкиот проект ВЛЕН се претворил во „неуспешен обид“.

„Бев дел од оваа влада речиси 11 месеци. Ја преземам мојата одговорност и им се извинувам на граѓаните што не успеавме да го донесеме ветениот променлив правец“, напиша Таравари на Фејсбук.

Тој додаде дека „промени не значат само нови имиња на партии, туку вистинска промена на менталитетот“.

Во пораката повика на обединување на сите политички субјекти околу, како што рече, „силата на народот и неговите права“, најавувајќи победа на изборите во октомври.

„Победата е блиску – многу блиску“, порача Таравари.

 

 

Related posts

Путин го распределува нуклеарниот арсенал во Белорусија: Се е според планот

admin

САД предупредија на дезинформации пред изборите

admin

Нуклеарното вселенско оружје на Русија е ризик за сите

admin

Мицкоски: Поразивме неколку мафијашки здруженија кои функционираа во државата

admin

Топ 5 европски аеродроми со најмногу патници

admin

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin