29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Европски фронт: Владата со ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ го губи албанскиот легитимитет

Oпозицискиот Европски фронт остро ја критикува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицискиот партнер ВРЕДИ, обвинувајќи ги дека за една година управување го загрозиле политичкиот легитимитет и застапеноста на Албанците во институциите на Северна Македонија.

Шефот на пратеничката група на Европски фронт, Блерим Беџети, рече дека албанската дијаспора е „замолчена“, откако владата одлучила да го брои само резидентното население при креирање на политиките. Тој додаде дека 78 институции во државата одбиваат да го користат албанскиот јазик, што, според него, претставува „брутална деградација“.

„Укинувањето на балансерот создаде системска неправда при вработување, фаворизирајќи партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, додека предлог-законот за правична застапеност останува заглавен во институционален лавиринт“, рече Беџети.

Пратеникот од Европски фронт, Блерим Реџепи, ја повика Владата да сноси одговорност за, како што рече, обидите да ги исклучи Албанците од процесите на одлучување.

„Историјата нè научи дека не се предаваме. Не прифаќаме да бидеме избришани. Албанците ќе продолжат да бараат почит и целосна застапеност во оваа држава“, изјави Реџепи.

ВРЕДИ возвраќа: Албанците за првпат имаат реална застапеност

Во реакцијата на парламентарната група на ВРЕДИ, се вели дека Европски фронт е недоследен и дека нивните критики доаѓаат од партиски опортунизам. Пратеникот Беким Ќоку изјави дека Албанците преку учеството на ВРЕДИ во владата за првпат добиваат статус што им припаѓа.

„Во администрацијата се направени околу 800 унапредувања, од кои 7-8 само во Собранието, за луѓе кои 15 години беа заглавени како помлади соработници. Граѓаните ја препознаваат разликата меѓу оваа и претходната власт“, рече Ќоку, додавајќи дека ВРЕДИ ужива „јасен легитимитет кај албанскиот електорат“, потврден на последните парламентарни избори.

Политичка динамика пред локалните избори

Европски фронт најавува проширување на коалицијата со други партии во пресрет на локалните избори, но не се откажува ниту од барањето за предвремени парламентарни избори.

Од ВРЕДИ, пак, велат дека барањето на ДУИ за нови избори е доказ за недостиг на визија. „Само една година по преминот во опозиција, тие покажуваат дека немаат план за локалните избори,“ рече пратеник од коалицијата.

Related posts

Филипче: ЗНАМ веќе не постои

admin

Мицкоски: Нема ценовен шок, владата и маркетите повикаа на фер цени

admin

Дали Ескобар ќе го „омекне“ Мицкоски?

admin

Загадување и милиони: Како малите хидроелектрани го уништуваат Шар Планина

admin

Сојузниците на САД бараат јасна поддршка за Украина на безбедносната конференција во Минхен

admin

Макрон со предупредување до Кина: Спречете ја Северна Кореја во Украина – или НАТО ќе дојде во Азија

admin