21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Се разгорува војната меѓу Русија и Украина: Повеќе од 40 руски бомбардери оштетени во масовен напад со дронови

Украинската служба за безбедност (СБУ) спроведе голема специјална операција на руска територија, при што биле погодени повеќе од 40 руски воени авиони, вклучително и стратешки бомбардери, соопшти извор од СБУ за Kyiv Independent во неделата.

„Стратешките бомбардери на противникот масовно горат во Русија – ова е резултат на специјална операција на СБУ,“ рече изворот.

Според него, нападот бил насочен кон авиони кои „секоја вечер ги бомбардираат украинските градови“, а биле погодени повеќе од 40 летала, вклучително и А-50, Ту-95 и Ту-22М3.

Видео-материјал објавен од изворот прикажува низа тешки бомбардери во пламен на неидентификувана локација.

Еден од нападнатите аеродроми е базата Белая во Иркутската област, на повеќе од 4.000 километри оддалеченост од Украина, тврди изворот. Гувернерот на областа, Игор Кобзев, потврди „напад со дрон врз воена единица во селото Средни“, без да даде дополнителни детали.

СБУ не прецизираше кој тип дронови биле користени, но според непотврдени информации на социјалните мрежи, дел од нив биле FPV-дронови, лансирани од камиони во близина на базите.

Непотврдени извештаи посочуваат дека пожари избувнале и на аеродромите Олeња во Мурманската област, Диагилево во Рјазањската и Иваново во Ивановската област. Гувернерот на Мурманск, Андреј Чибис, изјави дека „непријателски дронови ја нападнале територијата на Мурманскиот регион,“ без да наведе детали.

Во март, Киев објави дека развил нов дрон со дострел до 3.000 километри, но не откри дополнителни информации за неговата техничка спецификација или производство.

Авионот А-50 игра клучна улога во војната во Украина, со можности за откривање на воздушна одбрана и наведување ракети. Русија има помалку од десет вакви летала, секое вредно околу 350 милиони долари.

Бомбардерите Ту-95, Ту-22М3 и Ту-160 се дел од руските стратешки воздушни сили и редовно се користат за ракетни напади врз украински цели.

Ту-95 е најстар од трите, со прв лет во 1952 година, првично дизајниран за носење нуклеарни бомби. Денес, го користи за лансирање крстосувачки ракети, меѓу кои Х-55, Х-555 и поновите Х-101 и Х-102.

Ту-22М3 користи ракети Х-22 со брзина од околу 4.000 km/h и може да се пресретне само со американскиот систем Patriot или француско-италијанскиот SAMP-T.

Ту-160, во служба од 1987 година, е најголемиот оперативен бомбардер во светот. Може да носи 12 ракети Х-55 или до 24 ракети Х-15.

Kyiv Independent не успеа независно да ги потврди наводите за бројот на погодени авиони.

 

 

 

Related posts

МАКЕДОНИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД, ЦРНА ГОРА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ

ninja

Документарци од 2025: Од Битлси и НБА до американската револуција

admin

Вучиќ за инает не го менува Вулин, санкциониран од САД и обвинет за врски со организиран криминал

admin

Трамп има можност доброволно да се предаде до 25 август напладне

admin

Член на УО на ЕЦБ: Замрзнатите руски средства треба да се искористат за Украина

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja