10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арсовска: Во живо фатив нелегално поврзување на канализација, добив закани – МВР спушти телефон

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изјави дека лично документирала обид за нелегално поврзување на атмосферската канализација во општина Сарај и дека по инцидентот добила закани, додека полицијата, според неа, одбила да реагира.

„Во живо го документирав нелегалното поврзување. Кога се обидов случајот да го пријавам во МВР, ми спуштија телефон. Подоцна добив и закани од одредени лица,“ рече Арсовска во изјава до јавноста.

Арсовска објави видеоснимка од инцидентот преку социјалните мрежи и повика институциите итно да преземат мерки против сторителите, кои, како што тврди, се јасно идентификувани.

Градоначалничката претходно пријави сериозни закани по нејзиниот живот во контекст на кампањата што ја води против дивоградбите и урбанистичките прекршувања во главниот град.

Целото видео е достапно ТУКА

Related posts

Макрон му даде „последна шанса“ на Лекорни за да ја спаси владата и да стави крај на политичката блокада во Франција

admin

Фетаи и Ќоку од ВЛЕН на средба со „Самоопределување“ во Приштина

admin

Ескалира ситуацијата, Вучиќ нареди војската да се упати кон Косово

admin

Распишувањето на изборите ќе го „отклучи“ Избирачкиот список

admin

Мицкоски за Алсат: Доказите за оската ДУИ, СДСМ и Груевски се во УСБ материјали

admin

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРСКИ КЛУБ НА СУД ПОРАДИ РАСИЗАМ

ninja