19.5 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Најмалку седум загинати при уривање на два моста во Русија

Два моста се урнаа преку ноќ во одвоени инциденти во руски региони близу границата со Украина, при што загинаа најмалку седум лица, а десетици се повредени, соопштија локалните власти.

Во Брјанск, патен мост се урна врз патнички воз во движење, при што неколку товарни камиони паднале врз шините, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз. Според него, најмалку седум лица се загинати, а 47 се хоспитализирани, меѓу нив и едно дете.

Московската железница на Телеграм соопшти дека уривањето е резултат на „незаконито мешање“.

Неколку часа подоцна, втор мост се урна во железногорскиот реон, каде што товарен воз излезе од шините и се запали, рече вршителот на должноста гувернер Александар Кинштајн. Машинистот е повреден, со повреди на нозете.

Кинштајн напиша на Телеграм: „Причината за уривањето ќе се утврди. Сите итни служби се на терен. Јас лично ја следам ситуацијата.“

Сè уште не е јасно дали инцидентите се поврзани. Украинските власти не се имаат огласено.

Фотографии објавени од локални власти покажуваат изгорен мост и превртена локомотива. Според истражниот оддел на транспортното обвинителство, отворена е истрага.

Возот патувал од Климово кон Москва и се наоѓал во Вигонечкиот реон во моментот на несреќата. Патниците биле евакуирани и пренесени до најблиската станица, од каде ќе продолжат со резервен воз, соопшти Московската железница.

Несреќата во Брјанск се случила околу 100 километри од границата со Украина.

 

 

 

Related posts

Вештачката интелигенција е моќна алатка на пропагандистите

admin

Трамп го оттурна Нетанјаху? Договорот со Иран отвори политичка криза во Израел

admin

Меџити се спрема да стане единствен лидер на ВЛЕН

admin

ЕП го засили притисокот врз Урсула фон дер Лајен

admin

Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијата

admin

Седум години подоцна, Си дојде во Пјонгјанг со нова порака и нови амбиции

admin