35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ја разгледува можноста за данок за немажени – јавноста со остри реакции

Предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за можен воведување данок за немажени и неженети лица, како мерка против демографската криза, предизвика лавина реакции во јавноста, при што преовладуваат критики дека ваквата иницијатива е дискриминаторска и контрапродуктивна.

Предлогот беше спомнат за време на владина дебата за демографските трендови, каде Мицкоски изјави дека „демографскиот аларм е вклучен“ и дека земјата за четири години изгубила над 33.000 жители – еквивалент на еден град од големина на Кавадарци или Кичево.

„Сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети. Знаеме дека нема магично решение, но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме“, рече Мицкоски.

Идејата предизвика силна реакција на социјалните мрежи, каде бројни граѓани ја осудија како навредлива и неефикасна.

„Воведувањето данок за немажени/неженети е дискриминација. Тоа е лично право – не може државата да принудува некого да се жени или мажи“, напишаа корисници на социјалните мрежи. Други посочија дека во услови на ниски плати, недостапни станови и висока емиграција, казнувањето на невенчаните е „апсурд и провокација“.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица – што претставува природен пад од 4.140 луѓе. Наталитетот паднал од 12,5‰ во 2010 на 8,8‰ во 2024 година. Според проекциите, до 2070 година населението може да се намали на околу 1,3 милиони.

Темата за ваков данок не е нова. Слични предлози биле спомнувани и во минатото, вклучително и во 2008 година, но никогаш не биле формализирани. Според аналитичари, ваквите иницијативи најчесто служат за испитување на јавното мислење или за дефокус од актуелните политички предизвици, вклучително и европската интеграција на земјата.

Иако класичен данок за немажени денес ретко постои, некои земји применуваат индиректни фискални стимулации. Во САД, на пример, брачните парови понекогаш плаќаат помалку данок од индивидуалци со иста вкупна заработка. Слични олеснувања постојат и во Франција, Германија и Јапонија.

Во Сингапур, државата нуди значајни бенефиции за брачни парови и родители, но без да ги казнува неженетите.

 

 

 

Related posts

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

admin

Политичка бура во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ ги турка измените на Изборниот законик, Европскиот фронт предупредува за опасен преседан

admin

Европа стравува од војна, Балканот од глад: Еве што откри новата анкета

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

Меџити: 400 нови пожарникари и 600 нови работни места предвидени со Оперативниот план 2025

admin