28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Владата прогласи кризна состојба поради пожари во Северна Македонија

Владата на Северна Македонија во вторникот прогласи кризна состојба на целата територија на државата поради зголемен број на шумски пожари, со времетраење од 30 дена, соопшти владиниот портпарол Марија Митева.

Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи, како одговор на влошената ситуација на теренот предизвикана од високите температури, силните ветрови и зголемениот ризик за животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните.

„Со прогласување на кризна состојба се овозможува координирано дејствување на сите институции, меѓу кои Армијата, полицијата, противпожарните служби, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и други структури“, изјави Митева.

Мерката овозможува побрза мобилизација на човечки, технички и логистички ресурси за справување со пожарите и заштита на населението.

Владата најави дека ќе обезбеди итна и навремена помош за најпогодените региони, со приоритет на безбедноста на граѓаните.

„Им изразуваме благодарност на сите пожарникари, припадници на Армијата, полицијата, волонтерите и граѓаните кои пожртвувано се борат со огнената стихија. Нивната храброст заслужува највисоко почитување“, рече Митева.

Таа апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат препораките и забраните издадени од надлежните институции.

Владата останува ангажирана и ќе продолжи со дневна координација за следење на состојбата и навремено дејствување.

Related posts

УЈИЕ учествуваше на состанокот на Стратешкиот одбор на алијансата ChallengeEU во Валенсија

admin

Пратеници само за лични, партиски и бизнис-интереси

admin

Политичка војна за Европа: Филипче ја обвини власта за изолација, ВМРО го нарече предавник

admin

Одбраната го оспорува вештачењето во случајот „Онкологија“

admin

Таравари тврди дека ВЛЕН е летаргична, Касами го нарече “нула”

admin

Трамп повторно ја разниша Алијансата: Европа бара спас без Америка

admin