30.9 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
КУЛТУРА

Отворено 65. „Охридско лето“ со настап на американската пијанистка Клер Хуангчи

Со свечена церемонија во Античкиот театар во Охрид, синоќа беше отворено 65. издание на интернационалниот фестивал „Охридско лето“, една од најзначајните културни манифестации во Северна Македонија и регионот.

Годинешното издание беше отворено со гала концерт на американската пијанистка Клер Хуангчи и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Едвин Аутвотер од САД. На програмата беа изведени дела од Бернштајн и Гершвин, како и традиционалното македонско „Пајдушко“, со што беше споен американскиот и македонскиот музички дух.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во своето обраќање на отворањето истакна дека фестивалот е симбол на културниот континуитет и вредноста на уметноста која „му дава смисла на човечкото постоење“.

„Охридско лето“ секоја година привлекува уметници од светот и домашната сцена, претставувајќи програма која ги опфаќа музичката, драмската и ликовната уметност. Фестивалот ќе трае до крајот на август, а во програмата се најавени концерти, театри и изложби со учество на домашни и меѓународни уметници.

 

 

 

Related posts

Светот низ карикатури

admin

„Матица македонска“ го објави романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче

ninja

Извонреден концерт со Благој Нацоски, Паола Кампоново и Алфредо Блесано во Сан Квирино ди Порденоне

admin

Во џебот си ставил фантастични 315.000 евра, тврдат македонските филмаџии

admin

Грција и Северна Македонија потпишаа договор за спас на ретки византиски фрески од 12 век

admin

Започнуваат деновите на германскиот филм

admin