30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Соочување со реалноста

Пишува: Ивон Величковски

Во очекување на предвремените парламентарни, локалните избори сепак се секундарни.

За прв пат по подолго време, македонскиот народ и динамиката на меѓународната заедница се на иста линија, а партиите и медиумите се на спротивната.

Во две недели амандманот за “многувековниот” идентитет во Извештајот на ЕП од победа на “заедничката надворешна политика” на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со сателитите прерасна во нивен заеднички пораз.

Со бришењето на идентитетската тема со 2/3 мнозинство, Брисел испрати очекуван и јасен европски одговор дека не прифаќа спор со Скопје подредено на политиката на Белград – на тема што не постои.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беа прочитани и означени како белградско алтер-его на СНС и СПС.
Затоа не успеаа во манир на БЈРМ да создадат спор со Софија што ќе рикошетира кон Атина и ќе го проблематизира Преспанскиот договор.

“Фатени на дело”, Мицкоски демек иницираше резолуција за идентитетот што бугарските европратеници требало да ја предложат во ЕП, а Филипче демек не се согласи.
Штом темата почна да ја “џвака” скопската подружница на САНУ стана јасно дека и ова е само уште една тема за ескивирање на битното.

Сите знаеме – штом станеме членка на ЕУ – европратениците од Северна Македонија ќе можат и да гласаат по документи во ЕП.
И да ги предлагаат, образложуваат и бранат и на англиски и на француски, германски… и на македонски јазик на сред Брисел.

Играта на Мицкоски и Филипче се исцрта како дел од договорот за трансферот на власта “Заев-Груевски 2.0” спроведен 2024.

Веќе најавив(ме) дека таа игра има за цел го проблематизира секој договор (и Рамковниот и “Софискиот” и Преспанскиот) за Северна Македонија:
– да остане врзана за политиките и евроинтеграциите на Србија, а не на оние со кои веќе сме сојузници во НАТО (Албанија, Бугарија и Грција) и
– да не може да го фацилитира договорот меѓу Белград и Приштина, туку да остане тема во неговото постигнување.

Низ таа призма, пораката на Герипетритис до Скопје да го почитува Преспанскиот договор, почитувајќи го името на сопствената држава, Северна Македонија – е порака до сите партии, сегашни и идни во нашата земја.

Исто како што оценката дека владини функционери работеле на вградување на Северна Македонија во проектот за “српскиот свет” се однесува на сите влади меѓу двата извештаи на ЕП за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите. Да, вклучително и особено на оваа Влада.

Related posts

Политичкиот модел „ала Рама“ во Северна Македонија

admin

Мојот другар Богдан

admin

Зошто посетата на Курти во Северна Македонија беше грешка?

admin

Полтронството – кобно за Македонија

admin

Провладини апологети со анатема за БРИКС

admin

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

admin