26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Трамп дијагностициран со хронична венска инсуфициенција по оток на нозете, соопшти Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е дијагностициран со хронична венска инсуфициенција поради благ оток во долниот дел од нозете, соопшти Белата куќа во четвртокот.

Трамп (79) бил подложен на „сеопфатен преглед, вклучително и васкуларни дијагностички испитувања“ од страна на Медицинската служба на Белата куќа, изјави портпаролката Каролин Левит, повикувајќи се на писмо од личниот лекар на претседателот, капетан Шон Барбабела.

Во писмото, кое подоцна беше објавено, се наведува дека билатерални Доплер-ултразвучни испитувања на долните екстремитети покажале хронична венска инсуфициенција – „бенигна и честа состојба, особено кај лица постари од 70 години.“

Прегледот бил извршен откако Трамп во последните недели забележал „благ оток“ во долниот дел од нозете, соопшти Левит.

„Важно е што нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест, а лабораториските анализи се во нормални граници,“ се наведува во писмото. Трамп, исто така, бил подложен на ехокардиограм. „Не се идентификувани знаци на срцева слабост, бубрежна дисфункција или системска болест,“ напиша Барбабела.

Хроничната венска инсуфициенција е состојба при која венските валвули не функционираат правилно, што предизвикува задржување на крвта во вените. Секоја година се дијагностицира кај околу 150.000 лица, а ризикот се зголемува со возраста. Симптомите вклучуваат оток во нозете или зглобовите, болка, грчеви, проширени вени и промени на кожата. Лекувањето може да вклучува медикаментозна терапија или медицински интервенции во понапредните фази.

„Станува збор за не алармантна и не изненадувачка дијагноза,“ изјави д-р Џереми Фауст, професор по итна медицина на Медицинскиот факултет при Харвард за CNN. „Ова е прилично нормален дел од стареењето, особено кај лица со прекумерна тежина.“

Кардиологот д-р Бернард Ешби рече дека, иако дијагнозата е бенигна, треба да се испита потенцијалната поврзаност со повисок притисок во срцето или белите дробови. „Прашањето е што ја предизвикува венската инсуфициенција,“ рече тој.

Како што додаде Левит, Трамп не чувствува никаква непријатност.

Таа, исто така, се осврна и на модринките на задната страна од раката на претседателот, објаснувајќи дека тие се резултат на „често ракување“ и употреба на аспирин.

„Станува збор за благо и повремено иритација на мекото ткиво, поврзана со аспиринската терапија, која е дел од стандардната кардиоваскуларна превенција,“ се наведува во писмото.

Писмото завршува со оценката дека „претседателот Трамп останува во одлична здравствена состојба“.

Трамп стана највозрасниот претседател во историјата на САД при почетокот на неговиот втор мандат.

 

 

 

 

Related posts

Села: Нема враќање со Таравари – ќе има големи потреси во АзА

admin

Трамп, Косово и тајниот план за размена на територии: Болтон проговори

admin

ДУИ обвинува дека Коридорот 8 се жртвува, ВЛЕН: Се гради, ДУИ се демонтира

admin

Кина го фаќа чекорот со САД: Бесплатен модел ја вознемири Силиконската долина

admin

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНИТЕ ЗА СОБРАНИЕТО И ЗА АМНЕСТИЈА

ninja