19.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Ќе те силувам, ќе ти го убијам семејството“ – Арсовска нападната среде Чаир пред очи на полицијата

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше физички и вербално нападната во скопската населба Чаир додека извршувала службени обврски поврзани со инспекциски надзор на нелегален градежен објект, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) во четвртокот.

Според МВР, инцидентот се случил околу 12:15 часот на улицата Кумбара, во близина на Бит пазар, спроти полициската станица во Чаир. Повеќе лица упатувале закани кон градоначалничката, а едно лице физички ја нападнало. Арсовска побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“, но одбила да поднесе кривична пријава.

„Пред очите на полицијата ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а целото мое семејство ќе го убие“, изјави Арсовска за медиумите откако ја напушти болницата, додавајќи дека насилството се случувало додека полицијата не реагирала соодветно.

Градоначалничката изјави дека инцидентот бил поврзан со претходен случај на нелегално приклучување на водоводна мрежа, за кој, според неа, биле вклучени и лица вработени во полицијата. Таа објави дека полицијата претходно одбила да прифати пријава за напад врз вработен во Градот.

МВР соопшти дека две лица се приведени и во моментов се на распит во полициска станица. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди започнал постапка за утврдување на евентуални пропусти во постапувањето на полициските службеници кои биле присутни на местото на инцидентот.

Хелсиншкиот комитет за човекови права го осуди нападот и побара итна и независна истрага, одговорност за полициските службеници кои не реагирале, како и соодветна заштита за Арсовска и другите вклучени.

„Овој напад е уште еден алармантен пример за ризиците со кои се соочуваат жените во јавниот живот – насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност“, се вели во реакцијата на Комитетот.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот, но негираше каква било поврзаност со настанот. Тој изјави дека ниту еден вработен или функционер на општината не бил вклучен или присутен за време на инцидентот.

Арсовска во изминатите месеци објавуваше видеа од општина Чаир со тврдења дека повеќе дивоградби се поврзани со локалната власт, за кои, според неа, веќе се поднесени кривични пријави. Обвинителството потврди дека постапува по дел од пријавите.

Related posts

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

Трамп вели дека Русија и Украина се согласија за итни разговори за примирје, Кремљ не наведува рок

admin

„Цените до плафон, фрижидерите празни“: СДСМ со нов напад врз економските политики на Владата

admin

РАДЕВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ДА СЕ ДРЖИ ДО ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА

ninja

ЗАПАДЕН БАЛКАН СОЧИНУВА НЕ ПОВЕЌЕ ОД 3% НА ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ НА ЕУ

ninja

Компании од Бања Лука во фокусот: Кој стои зад одлуките?

admin