22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Апасиев: Коцевски е симбол на корупцијата и партиската правда

Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа расправа по Интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Левица против Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој одлучи да не присуствува на седницата и писмено се произнесе по наводите.

По дебата, законодавниот дом ги прифати наводите како основани, а донесениот заклучок ќе биде доставен до Владата за понатамошно постапување.

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја отвори расправата критикувајќи ги, како што рече, „грешните премиси“ во писмениот одговор на Коцевски. Тој го обвини обвинителот дека „погрешно се перцепира како дел од судската власт“ и дека „неосновано тврди дека не постои политичка одговорност на Јавното обвинителство“. Апасиев го цитираше членот 27 од Законот за јавно обвинителство, со кој, според него, јасно се дефинира отчетноста на обвинителот пред Собранието.

Апасиев оцени дека Јавното обвинителство се соочува со сериозни кадровски и технички дефицити, вклучувајќи недостиг од над 100 обвинители и основни ресурси за работа. Според него, за состојбата е директно одговорен обвинителот Коцевски.

Тој ја нарече „неточно утврдена фактичка состојба“ референцата на Коцевски на извештај на Европската комисија, посочувајќи дека во истиот извештај се нотира влошување на борбата против корупцијата, политички влијанија и недостиг од човечки и финансиски ресурси.

Како клучна забелешка во интерпелацијата, Апасиев ја посочи, како што рече, селективната истрага по трагедијата во Кочани и спорно толкување на правната одговорност на обвинетите. Тој оцени дека е воведена нова, правно непотврдена категорија „верижна линија на одговорност“ во обвинувањата, што според него потсетува на предмети од времето на Никола Груевски.

Апасиев обвини за „нечесен компромис“ меѓу премиерот Христијан Мицкоски и јавниот обвинител, тврдејќи дека постои политички договор за избегнување на разрешување во замена за недејствување против лица блиски до власта.

Тој го обвини обвинителството за двојни стандарди при третманот на закани кон политичари, тврдејќи дека реакциите зависат од партиската припадност на жртвите и подносителите на пријавите.

Трета клучна забелешка беше непостапувањето по службена должност за масовната нелегална урбанизација во општина Чаир. Според Апасиев, досега биле отворени само две истраги за над 250 дивоградби.

Како последна критика, тој го посочи „функционалниот хаос“ во Вишото јавно обвинителство во Скопје, за кој рече дека е предизвикан од внатрешна клановска поделеност и отворена партизација. Апасиев ги обвини обвинителите Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски за повлекување на жалби во случаи вредни милиони евра, со што, според него, се овозможувало избегнување одговорност и перење пари.

Тој повика на итно активирање на членот 29 од Законот за јавно обвинителство, кој му овозможува на Републичкиот јавен обвинител да преземе предмети од пониски обвинителства. Исто така, побара и дисциплинска постапка за обвинителките што, како што рече, без основ го обвиниле таткото на Вања за убиство на неговата ќерка.

Заклучокот ќе биде доставен до Владата и до нејзиниот претседател Христијан Мицкоски со барање за продолжување на постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Related posts

Православните христијани го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање

admin

Кралот Чарлс Трети со честитка до Северна Македонија по повод Денот на независноста

admin

Трговците ја изигруваат кошничката за граѓаните, премиерот Мицкоски најави контроли во маркетите

admin

Треба ли ревизија на „недела неработен ден“?

admin

Октомври – Месец на свесност за ракот на дојка: Секоја приказна е уникатна, секое патување е важно

admin

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin