22.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

ДУИ: Калето во Скопје мора да се заштити од интервенции што го загрозуваат неговиот автентичност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази загриженост во врска со најавениот проект за изградба на нови објекти во просторот на Скопското Кале, оценувајќи дека ваквите интервенции го нарушуваат историскиот и културен интегритет на локалитетот.

„Наместо зачувување и промоција на историските вредности, постои ризик од уредувања што ќе го нарушат автентичниот архитектонски изглед и значењето на Калето, кое е од посебна важност за сите граѓани“, се наведува во соопштението на партијата.

ДУИ потсетува дека Калето е вековен симбол на соживотот и мултиетничката историја на земјата, и предупредува дека претходните интервенции без научен и реставраторски пристап сега може да бидат дополнети со нови градби кои не ја одразуваат историската реалност и ја поткопуваат културната автентичност.

Партијата смета дека Калето не треба да се користи како платформа за политички поени или симболички наметнувања. „Секој иден проект мора да биде заснован на професионални стандарди и со целосна почит кон заедничкото културно наследство“, истакнува ДУИ.

Од Министерството за култура и надлежните институции се бара итен прекин на сите иницијативи што можат да го нарушат историскиот идентитет на локалитетот, како и вклучување на експерти од областа на културното наследство, археолози и историчари, со цел секоја интервенција да биде транспарентна и лишена од политизација и етнизација.

„Скопското Кале треба да се зачува и реставрира – а не да се надградува и преосмислува според дневно-политички агенди. Заштитата на неговиот автентичност е заедничка одговорност и придонес кон изградба на зрелo и еднакво општество за сите“, се наведува во соопштението.

 

 

Related posts

Собраниска драма: Власта обвинува за опструкции на реформската агенда

admin

Проекции: Колку пратеници би имала ВМРО-ДПМНЕ- 52 или 60?

admin

Белгија ќе ја признае палестинската државност и ќе воведе санкции против Израел

admin

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

Иран ја напаѓа американската база во Катар – САД под удар, светот во паника

admin

Година на опасно живеење

admin