15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Митрополитот Агатангел: Повик за повлекување од Преспанскиот договор и одбрана на македонскиот идентитет

Митрополитот повардарски Агатангел упати јавен повик за поништување на Преспанскиот договор и преиспитување на односите со Европската Унија, обвинувајќи дека со тој договор, како и со последните европски позиции, е загрозен македонскиот идентитет, државност и културно наследство.

Во обраќање објавено преку црковни канали, митрополитот оцени дека со договорот од Преспа, „без план за денот потоа“, биле нарушени основите на македонската држава, а институциите, според него, покажале „потчинетост“ кон надворешни притисоци. Тој го критикуваше односот на политичките елити кон националните интереси, нарекувајќи го „облик на политички стокхолмски синдром“.

„Денес гледаме апатија и замолченост, која политичките претставници ја користат како средство за наметнување на прифаќање на новата реалност“, изјави митрополитот, додавајќи дека „народот веќе го изрази својот став“.

Според него, Европската Унија се оддалечила од своите традиционални вредности, потклекнувајќи на притисоците од одредени земји членки, конкретно наведувајќи ги Грција и Бугарија. Тој ја спореди моменталната состојба со „морална и институционална криза“ во самата ЕУ.

Во обраќањето се повикува на обединување на македонскиот народ и сите граѓани на државата за „заштита на националните интереси“, а како прв чекор го предлага поништувањето на Преспанскиот договор, како и запирање на сите идни договори што, според него, го засегаат македонскиот идентитет.

„Името на државата е нераскинливо поврзано со народот и неговиот културен и историски континуитет“, истакна митрополитот Агатангел, додавајќи дека најновите пораки од европските институции, вклучително и резолуцијата во Европскиот парламент, се „потврда за доминантниот политички притисок врз Македонија“.

Обраќањето завршува со повик до Владата и целата јавност за „политичка трезвеност, обединување и одбрана на националните интереси“, со оценка дека македонскиот народ, и дома и во дијаспората, треба да се спротивстави на „неправдите што се вршат под европско покровителство“.

Related posts

Ќе плаќате повеќе за кредитите? Народната банка ја зголеми каматата

admin

„Кај испари муабетот?“: Апасиев го прозва Мицкоски за изборните реформи

admin

Гаши уверува дека останува лојален на ВЛЕН, додека шпекулациите за приближување кон ДУИ се интензивираат

admin

Меѓу уставните измени и „црвените линии“ за ЕУ

admin

СДСМ алармира за „српско сценарио“: Македонија намерно се држи подалеку од ЕУ

admin

Војната меѓу САД, Израел и Иран: Нафтата повторно над 100 долари, пазарите паѓаат

admin