24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пратениците добиле над 300.000 евра за патни трошоци во првите 13 месеци од мандатот

Шеесет и пет пратеници во актуелниот состав на Собранието на Северна Македонија добиле надоместок за патни трошоци во износ од околу 303.000 евра за период од 13 месеци, се вели во последното истражување на Радио Слободна Европа (РСЕ) на македонски јазик. 

Според официјални податоци кои РСЕ ги има добиено преку Законот за слободен пристап до информации, износот од 18,6 милиони денари (приближно 303.320 евра) се однесува на периодот од 28 мај 2024 година – денот на конститутивната седница на новиот парламентарен состав – до 30 јуни 2025. Од вкупната сума, 26.717 евра биле потрошени за патарини, а 276.603 евра за гориво.

Девет пратеници одлучиле да користат стан под наем, за што се исплатени дополнителни 44.522 евра, со кирија до 400 евра месечно.

Како и во претходните состави, највисоки патни трошоци добиле пратеници што живеат најдалеку од главниот град. Најголема сума, околу 13.200 евра, му е исплатена на Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ, избран од Ресен. Следен е Петар Ристески од истата партија со околу 12.000 евра, а по него Беким Ќоку од коалицијата ВЛЕН со 10.800 евра.

Во групата со највисоки надоместоци се и Јован Митрески од СДСМ (10.000 евра), како и Зоранчо Јованчев и Јулија Тушевска од ВМРО-ДПМНЕ, кои добиле по околу 9.150 евра. Поранешниот пратеник Селим Сулејмани, кој поднесе оставка во мај, наплатил 9.000 евра.

Од 2018 година, пратениците имаат можност да користат стан под наем наместо патни трошоци, со месечна кирија до 400 евра. За разлика од горивото и патарините, за изнајмен стан може да се добие надомест само за четири патувања месечно од и до местото на живеење. Во анализираниот период, само девет пратеници ја избрале оваа можност.

Патните трошоци на пратениците редовно предизвикуваат реакции во јавноста. Во 2018 година беше намален надоместокот од 30 на 20 проценти по изминат километар во пресметките. Последниот обид за ограничување на трошоците беше во февруари 2025, кога пратеничката група на Левица предложи формула за надомест според потрошувачка од 6,5 литри на 100 километри, но иницијативата не влезе ни на дневен ред.

Податоците покажуваат дека и во 2023 година се потрошени слични суми – околу 366.000 евра. Анализата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од 2020 година покажува дека пратениците наплатиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци во периодот 2015–2019, при што имало сомнежи за злоупотреби.

Досега, само еден случај поврзан со патни трошоци заврши на суд – предметот „Друмарина“ против поранешната пратеничка Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше обвинета дека прикажувала лажни патарини и наплатила околу 100.000 евра за патувања што не ги остварила. Судот во Скопје во февруари 2024 година ја ослободи од вина, оценувајќи дека обвинителството не докажало вина надвор од разумно сомнение.

Related posts

Антикорупциска се прогласи за ненадлежна: Прекината постапката за шефот на АНБ, Христовски

admin

Маѓар: Унгарија ќе остане во МКС, ќе го уапсиме Нетанјаху ако влезе во земјата

admin

Полицијата во штипскиот затвор помогнала затвореници да најдат дрога, тврдејќи дека барале часовник

admin

Руска ракета удри во зградата каде живее албанскиот амбасадор во Киев

admin

Шест партии влегуваат во бугарскиот парламент, покажуваат првите екзитполови

admin

Анализа: Какви ефекти ќе донесе наредбата на Бајден за вештачката интелигенција?

admin