29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Октомвриските локални избори ќе ја решат иднината на Македонија: Клучни битки и потенцијални инциденти на гласачките места

Претстојните локални избори во октомври ќе бидат клучни за многу партии, нивните лидери и кандидати, а атмосферата на терен веќе се загрева со остри дуели и меѓусебни обвинувања, оценуваат политички аналитичари.

„Претстојните октомвриски локални избори, извесно, се од решавачко значење за голем дел од партиите, но и за нивните лидери и кандидати. Поради тоа, се случуваат и кандидирање на највредните партиски кадри, најави за тешки градоначалнички дуели во општините, како и сè пожестоки меѓусебни обвинувања и обиди за дискредитација на противкандидатите. Веќе започнатата кампања како уште сега да почнува да зоврива, со што стануваат непредвидливи последиците што би можеле да се случат на гласачките места,“ изјави аналитичарот Џелал Незири за весникот Вечер.

Според него, неколку општини се профилираат како клучни боишта – меѓу нив главниот град Скопје и општините Чаир, Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Кочани и Струмица. „Скопје е главниот град на државата, кој секогаш е индикатор кон кој идеолошки правец се движи државата: кон левицата или десницата… Затоа главниот град е од најголемо значење за македонските партии,“ рече Незири.

Тој додаде дека Кочани ќе има симболично тежиште поради трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 млади лица – настан кој, според него, е „последица на лошо владеење“. Во Центар, пак, се очекува неизвесен дуел меѓу кандидатот на СДСМ и движењето ЗНАМ, со можност за влијание на гласовите од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Незири предупреди и на високи тензии во Чаир, каде ривалството меѓу ДУИ и коалицијата „Вреди“ може да го одреди политичкиот баланс во албанскиот блок. „Чаир не е само општина туку и политичко бојно поле, каде што ќе се реши судбината на ДУИ и на ‘Вреди’“, рече тој.

Аналитичарот укажа и на ризик од инциденти, потсетувајќи на изборните циклуси во кои имало насилство и жртви. „ДИК, полицијата и другите надлежни треба да бидат на ниво на задачата за да се спречат и најмали можни инциденти. Во спротивно, ќе ѝ се нанесе огромна дамка на државата, која потоа ќе биде дополнителна пречка за членство во ЕУ,“ рече Незири.

Related posts

Хрватска му возвраќа на Вучиќ: Нема повеќе диктирање политики – соработката со Албанија и Косово не е закана

admin

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

Иран извршил воздушни напади во Ирак и во Сирија

admin

Алиу: Предложени измени за продолжување на работниот век во здравството

admin

Беран Алији по потекло од Северна Македонија е првоосомичен за планираните терористички напади на концертите на Тејлор Свифт

admin

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

admin