21.5 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Партии без идеологија, но со акции

Девијацијата од оваа волја и создавањето коалиции за тесни клановски интереси ќе ги оголи тие партии од политичката моќ, која не произлегува од клиентелистичкиот гласач, туку од гласачот што бара достоинствено и квалитативно претставување на политичката сцена.

Пишува: Џелал Незири

По Втората светска војна, за време на владеењето на Јосиф Сталин со Советскиот Сојуз, во земјите од Источна Европа беше инсталирана најбруталната форма на тоталитарна власт. По неговата смрт во 1953 година, за време на владеењето на Никита Хрушчов и Леонид Брежњев, на некои земји од Источна Европа им беше дадена поголема автономија за да ја креираат „својата комунистичка патека“. Со тоа започна преминот од тоталитарен кон посттоталитарен режим, кој траеше до 90-тите години, кога во целиот „источен свет“ беше инсталирана демократијата како систем на управување.

Овој процес на демократизација во поранешните комунистички земји често беше проследен со нестабилност на политичката сцена поради недостиг на демократска култура внатре во самите субјекти. Транзицијата од тоталитарен или автократски систем кон демократско раководење со политичките субјекти често произведуваше две екстреми: или создавање на партии што функционираат според тоталитарен модел, или партии со внатрешна демократија кои не ретко изгледаат и анархично.

Политичките партии се јадрото на општествената организација во секоја демократска држава. Тие се главните актери што ги артикулираат и адресираат потребите и интересите на граѓаните. Тие се централни политички организации во сите модерни демократски системи.

Партиите ги претставуваат граѓаните преку избори и ги мобилизираат општествените сили преку своите програми и политички идеологии, што ѝ дава енергија на демократијата. Сите политички системи на демократските земји (претседателски или парламентарни), ги поставуваат политичките партии во центарот според нивната важност за поддршката и продлабочувањето на вредностите на претставничката демократија. Иако можат да имаат многу недостатоци, партиите се главни фактори за претставување на демократските општества, артикулирање на општите интереси и реализирање на колективните агенди.

Кога зборуваме за политичките партии во Северна Македонија, тие претставуваат најголем дел од јавната сфера. Не само што се главни носители на политичките процеси, туку и клучен фактор во обликувањето на јавното мислење. Нивниот демократски капацитет го одредува и квалитетот на демократијата во државата во целина, како и нивото на демократските институции поединечно. Се разбира дека продолжениот транзициски процес во целиот регион на Западен Балкан направи и на ова поле да има отстапувања и судири, дури и сериозни.

Недостигот на јасна идеологија ги претвора партиите во механизми за остварување лични или клановски интереси. Идеологијата значи политичка идеја и идеал. Политичката идеја е средство за постигнување на идеалот, додека идеалот претставува визија на политичките напори. Политичката идеја може да биде во форма на либерална демократија, нелиберална, конзервативна, социјалдемократска, демохристијанска, демоисламска, центристичка, еколошка, екстремистичка, фашистичка итн. Значи политичката идеја е точката што ги мобилизира гласачите за да се постигне целта – идеалот, кој често се прикажува како утописка состојба за општеството каде сè функционира совршено.

Која е идеологијата на нашите партии? Никој не може со сигурност да каже. Овие толку сериозни политички организации, кои го одредуваат нивото на демократијата и квалитетот на нашиот живот, немаат јасно за што се залагаат. Дали сакаат општество со праведна распределба на капиталот и другите јавни добра, поддржувајќи и зајакнувајќи ги синдикатите на работниците (социјалдемократска), или мислат дека општествениот развој се постигнува подобро со поддршка и зајакнување на работодавачите, кои се издвојуваат како најспособни во создавањето можности за сите вработени. Левите партии беа создадени од синдикатите за да ги претставуваат нивните интереси во одлучувачките институции, додека десните – од бизнисмените за истите цели. Центристичките партии се понапредни во култивирањето на индивидуалните права и се насочуваат кон каузи што изгледаат заборавени од левицата и десницата, како заштита на природата, родовите и сексуалните права, промовирање на мирот, зајакнување на меѓународните мрежи итн.

Недостигот на идеолошко профилирање поттикнува клиентелистички односи партија–гласач и ги демотивира категориите гласачи кои сакаат да поддржат одредени политички идеи што водат кон идеално општество и држава. Овој недостиг го дефокусира јавниот дебат од суштината на демократијата и го пренесува на тривијални дневни теми, кои ја претвораат политичката сцена во пазар на трансфери, каде бројките се над сè.

Покрај тоа, недостигот на идеологија го слабее имунитетот на партиите против вирусите на поделби, што резултира со постојано создавање нови партии што ги заменуваат старите. Затоа, партиите треба да анализираат и јасно да дефинираат која е политичката идеја што ги обединува, за каков идеал се залагаат (односно на која идеологија ѝ припаѓаат), за потоа да видат со кого делат заеднички вредности, со кои имаат слични идеи и идеали, за да склучуваат коалиции секогаш за реализација на идеалот на луѓето што ги претставуваат. Девијацијата од оваа волја и создавањето коалиции за тесни клановски интереси ќе ги оголи тие партии од политичката моќ, која не произлегува од клиентелистичкиот гласач, туку од гласачот што бара достоинствено и квалитативно претставување на политичката сцена.

Related posts

Америка на прво место. Светот подобро нека обрне внимание

admin

Брусење на моралната вертикала

admin

Можен ли е дијалог со бандити и предавници?

admin

Политика на перцепции: Глупаци, коњи и Да, Мицкоски!

admin

ПАРЛАМЕНТАРНИ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ НА ИСТ ДЕН?!

admin

Fuck Checking

admin