15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Петтина Европејци ризикуваат сиромаштија во староста без итни пензиски реформи

Секој петти европски граѓанин се соочува со ризик од сиромаштија во староста доколку не се спроведат длабоки реформи во пензиските системи, предупреди Европскиот орган за осигурување и професионални пензии (EIOPA).

„Тоа е крајно висок процент. Кај жените ризикот е за 30 отсто поголем,“ изјави претседателката на регулаторното тело, Петра Хиелкема, во интервју за „Политико“.

Европа забрзано старее и за 40 години ќе има само еден и пол работник на еден пензионер, што е половина од сегашниот однос. „Некои земји веќе се таму. Тоа е неодржливо,“ рече Хиелкема.

Традиционално, европските држави се потпираат на државните пензиски фондови, но со подолг животен век и ниски наталитети, нивното финансирање станува се потешко. Дополнителен товар се здравствените и социјалните трошоци.

Како решение, ЕУ промовира развој на дополнителни професионални и приватни пензиски шеми. Скандинавските земји се најподготвени, со комбинација од државни и професионални фондови и инвестициски производи. Но многу држави во Источна и Јужна Европа главно се потпираат на државни пензии, кои се далеку пониски од просечните плати.

Европската комисија до крајот на годината ќе предложи пакет мерки што вклучува дигитални пензиски сметки, системи за следење и даночни поттикнувања за штедење за старост. Клучниот елемент е задолжително вклучување на вработените во професионални пензиски фондови, со можност за откажување, модел што веќе постои во Обединетото Кралство, Полска и Италија.

„Инерцијата ќе работи во спротивна насока – повеќето ќе останат вклучени во фондовите,“ изјави Хиелкема. Таа додаде дека реформите треба да опфатат и самовработени и работници во „гига економијата“.

Темата останува политички чувствителна. Француската влада на Франсоа Бајру изгуби поддршка од социјалистите по неуспешен обид за реформи, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц ова лето предизвика критики од синдикатите повикувајќи младите да штедат за пензија.

Во Германија професионалните пензиски фондови вредат 267 милијарди евра, додека во Шведска, со осумпати помало население, тие достигнуваат 516 милијарди евра, или 92% од БДП.

 

 

Related posts

АфД – нова неолиберална работничка партија?

admin

Политичката криза во Србија се продлабочува по ноќта на насилства – Опозицијата ја обвини Армијата дека застанала на страната на владејачката партија

admin

Ахмети со писмо до Ковачевски: Ја напуштаме владата во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

admin

Скопје ја започнува празничната сезона со осветлување на елката, без новогодишен огномет

admin

Видео од Украина се користи за да се прикаже употреба на фосфорни бомби во Газа, во „игра“ и видео од игри

admin

Македонски синдикати со поделени ставови околу одбележувањето на 1 Мај

admin