10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Трамп со 15 % царини за Северна Македонија, БиХ 30 %, а Србија најпогодена со 35 %

Соединетите Американски Држави воведоа нови реципрочни царини од 15% за производите од Северна Македонија, како дел од поширока одлука на претседателот Доналд Трамп за измена на трговската политика, насочена кон справување со, како што наведува, „големи и постојани трговски дефицити што претставуваат закана за националната безбедност“.

Во извршната наредба потпишана на 31 јули, САД утврдуваат нови стапки на дополнителни ад валорем царини за увоз од над 80 земји, вклучително и поголем дел од Западен Балкан, Европската Унија и Азија. Србија ќе се соочи со 35% царина, додека за Босна и Херцеговина се утврдени 30%.

Претседателот Трамп ја оправдува мерката со, како што вели, „недостаток на реципроцитет“ во трговските односи и „дискриминаторски тарифи и нецарински бариери“ наметнати од странски трговски партнери, кои, според него, ја загрозуваат американската индустриска база и критичните ланци на снабдување.

БАЛКАНСКИ И ЕВРОПСКИ ВЛИЈАНИЈА

Западен Балкан е значително погоден. Освен Северна Македонија, во листата се и Србија, Босна и Херцеговина, но и Молдавија (25%), Косово не е посебно наведено.

Европската Унија ќе се соочи со нов систем: производите со царинска стапка под 15% според американскиот тарифник ќе бидат дополнети до 15%, додека оние со постоечка стапка над 15% нема да бидат засегнати од нови царини.

Новата наредба следи по априлската извршна наредба 14257 со која се прогласи трговска национална вонредна состојба. Оваа последна верзија дополнително ги засилува мерките, вклучувајќи и казнени царини до 40% за производи кои ќе се утврди дека биле шверцувани со цел да се избегнат новите давачки.

Трговските партнери кои веќе преговараат или се блиску до договор со САД ќе останат под царински режим сè додека не се постигне договор.

ИМПЛИКАЦИИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ

Новите царини се оценува дека може да имаат негативно влијание врз малите економии во регионот кои се обидуваат да ја зголемат својата извозна конкурентност.

Северна Македонија, која во изминатата деценија го зголеми извозот кон САД, сега може да се соочи со зголемени трошоци и намалена побарувачка.

Во Annex I од наредбата, како дел од листата со нови царински стапки се и:

  • Северна Македонија – 15%
  • Србија – 35%
  • Босна и Херцеговина – 30%
  • Молдавија – 25%
  • Европска Унија – До 15%, во зависност од постоечката стапка
  • Швајцарија – 39%
  • Сирија – 41%
  • Кина – засега не е предмет на измена согласно оваа наредба

Секретарот за трговија, трговскиот претставник на САД и други клучни функционери се задолжени да ја спроведат и надгледуваат имплементацијата. Ќе се објавуваат и листи на земји и фабрики вклучени во потенцијални шеми за избегнување на царинските мерки.

Како ќе влијае ова на глобалната економија, особено во време на нестабилни ланци на снабдување, останува да се види. Но, пораката од Вашингтон е јасна: трговската реципроцитетност повеќе не е прашање на избор, туку на безбедност.

 

 

Related posts

Станот станува луксуз во Европа: ЕУ мобилизира 43 милијарди евра, но потребни се 150 милијарди годишно

admin

Драма на Ќафасан: Тројца функционери на ВЛЕН на „црната листа“ на Албанија

admin

Од Албанија до Мексико: Балканска мафија пере милиони за картелот на Синалоа преку казина во Канада и Европа

admin

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија кон изолација – ЕУ и НАТО се загрозени

admin

Пратениците добиле над 300.000 евра за патни трошоци во првите 13 месеци од мандатот

admin

Русија штотуку и дала на Украина услови за завршување на војната?

admin