11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Германија губи тло: Автоиндустријата во најголем пад досега

Германската автомобилска индустрија во изминатата година укина повеќе од 50.000 работни места, покажува анализа на консултантската фирма EY врз основа на податоци од Сојузниот завод за статистика, јави АРД, пренесе ДВ.

Во период од дванаесет месеци, секторот изгубил околу 51.500 вработувања, што претставува близу 7% од работните места. Ниту еден друг индустриски сектор не забележал толку голем пад.

До 30 јуни, вкупната индустриска вработеност во Германија изнесувала 5,42 милиони луѓе, што е за 114.000 помалку отколку една година претходно – пад од 2,1%. Од 2019 година досега исчезнале 245.000 работни места, или 4,3%.

Силен притисок врз производителите

Продажбата во германската индустрија се намали осми квартал по ред, за 2,1% во вториот квартал од 2025 година. Автомобилскиот сектор бележи пад од 1,6%, погоден од намалена побарувачка, силна конкуренција од Кина и високите трошоци за премин кон електрична мобилност. Дополнителни предизвици се цените на енергијата, бирократијата и царинскиот спор со САД.

Производители како Мерцедес-Бенц и Фолксваген, како и добавувачи како Бош и Континентал, веќе најавија програми за штедење. Порше планира да ја затвори својата батериска подружница Cellforce.

„Масивното намалување на профитот, прекумерните капацитети и слабеењето на странските пазари ги прават значителните кратења на работни места неизбежни, особено во Германија“, изјави Јан Брорхилкер од EY.

Поширока индустриска криза

Покрај автоиндустријата, во машинството се изгубени над 17.000 работни места, а во металопреработувачкиот сектор речиси 12.000. Хемиската и фармацевтската индустрија останале речиси стабилни.

Експертите предупредуваат дека високите трошоци и слабата побарувачка ја поткопуваат конкурентноста на германската индустрија. Некои аналитичари веќе зборуваат за „деиндустријализација“ на Германија.

Иако од 2014 до крајот на 2024 година индустриската вработеност пораснала за 185.000 лица, трендот сега е надолен.

Удар за младите инженери

EY очекува намалувањето на работните места да продолжи и во следните години, бидејќи ефектите од штедењето се појавуваат со задоцнување.

„Автомобилската индустрија и машинското инженерство денес вработуваат значително помалку млади отколку претходно,“ вели Брорхилкер. „Ќе видиме раст на невработеноста кај дипломираните студенти – нешто што Германија одамна не го искусила.“

 

 

Related posts

Дронови, вештачка интелигенција и нови технологии радикално ќе ја променат природата на војувањето

admin

Пијанистката Илинка Манова изведува дела од македонски автори низ САД

admin

Кос во Софија најави скоро членство во ЕУ на Албанија и Црна Гора

admin

Шест жени од Западен Балкан што ја менуваат економијата: Запознајте ги претприемачките на годината

admin

Кина покажува сила: Си Џинпинг го пречекува „стариот пријател“ Путин

admin

Обвинувања за предавства, казина и „паради на срамот“: Започнаа жешкото политичко лето

admin