14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Владата може да именува повереници ако пропаднат изборите во општините

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има право да именува повереници во општините каде што изборите за градоначалници не успеат, поради можен недостиг од цензус. Политички аналитичари предупредуваат дека сценарио за неуспешни избори е возможно во помали средини погодени од масовното иселување, јави Радио Слобода Европа на македонски јазик.

Законот предвидува дека ако и по вториот круг не биде избран градоначалник, Државната изборна комисија (ДИК) ја известува Владата, која во рок од 15 дена назначува повереник со иста надлежност како градоначалник. Собранието потоа е должно во рок од 60 дена да распише нови избори.

Мицкоски рече дека можниот пораст на независни кандидати, кои за учество на изборите требаат само два потписа, може да создаде долги и збунувачки гласачки ливчиња и да ја намали излезноста. „Ако процесот не успее, Владата е таа која именува владини повереници“, изјави тој.

Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК, за Радио Слободна Европа изјави дека најголем ризик има во општини со мал број жители и слаба излезност. „Не очекувам проблем во Скопје или големите градови, но во помалите општини е можно да нема цензус,“ рече тој, предупредувајќи на „злоупотреби од недобронамерници“ доколку се појави огромен број кандидати.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими смета дека најавата на премиерот повеќе наликува на обид за обесхрабрување на независните кандидати. „Мали се шансите да дојде до назначување повереници. И да се случи тоа, сепак мора да има вонредни избори, а не премиерот да одлучува кој ќе ја води општината,“ изјави тој.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека институцијата има механизми да обезбеди непречено спроведување на изборите дури и во случај на зголемен број кандидати, иако тоа би можело да ја зголеми цената на изборите.

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври (прв круг) и 2 ноември (втор круг). Последен рок за поднесување на кандидатски листи е 13 септември, а кампањата почнува на 29 септември.

На последните локални избори во 2021 година, повереници беа назначени во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа, каде што изборите пропаднаа двапати поради недоволна излезност.

 

 

 

–

Related posts

Терористички напад во Белград, осомничен е конвертитот Милош Жујовиќ

admin

ДАЛИ НА ЗАПАДОТ МУ СНЕМА МУНИЦИЈА?

ninja

Стејт департментот откри за што разговарале Ландау и Муцунски во Вашингтон

admin

Самит на ЕУ: Масивно вооружување како одговор на Трамп

admin

Кој заработи милијарди, а кој загуби на Светското првенство? Победници и губитници надвор од теренот

admin

Унгарија: Полицијата трага по седум деца исчезнати во Мако, осомничена е 39-годишна жена

admin