11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Граѓанин во инвалидска количка обвини возач на ЈСП за дискриминација, бара институционална реакција

Бурхан Бектеши, граѓанин на Скопје и корисник на јавниот превоз, јавно се пожали дека возач на автобус на линијата број 19 повеќепати го одбил да го превезе бидејќи се движи со инвалидска количка, тврдејќи дека бил изложен и на навреди и закани.

„Возачот не само што не ме почитува, туку неколкупати ми извика и ме предупреди дека никогаш повеќе нема да ме качи во неговото возило,“ напиша Бектеши во отворено писмо до Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) и надлежните институции.

Тој наведе дека последиците од ваквото однесување биле сериозни: останал на улица по дожд и сонце, доцнел на работа и неколкупати бил во опасност да го изгуби работното место. „Неправдата не ми штети само мене како лице во количка, туку го загрозува моето живеење, работата и достоинството,“ рече тој.

Бектеши побара итно исклучување или суспензија на возачот, воспоставување трајни механизми за заштита на лицата со попреченост кои користат јавен превоз, како и институционална одговорност.

„Се чувствувам помалку од човек, помалку од граѓанин, помалку дури и од улично куче, затоа што кучето има повеќе слобода да се движи низ градот отколку јас во количка,“ напиша тој, додавајќи дека неговиот апел не е само лична реакција, туку барање за правда и еднаков третман за сите.

Од ЈСП Скопје засега нема официјален одговор на овие наводи. Министерството за транспорт и врски и Народниот правобранител не соопштија дали ќе отворат постапка.

Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде повеќе корисници изразија поддршка за Бектеши и побараа одговорност од институциите. Активисти за правата на лицата со попреченост велат дека ова не е изолиран случај и дека лицата во колички секојдневно се соочуваат со пречки во јавниот превоз и јавниот простор.

 

 

Related posts

Филипче најави онлајн петиција против прием на мигранти, ВМРО-ДПМНЕ негира договор со Британија

admin

Дигитализацијата како клучна алатка против корупцијата

admin

Часовниците на Мицкоски и Ристовски вредат над 130 илјади евра

admin

Техничката влада како линија на фронт во македонската предизборна архитектура

admin

ВИДЕО | Автоматски воздушно такси веќе на продажба

admin

Заради војната во Иран откажани се 31 соларни проекти

admin