14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Две децении по Охридскиот договор, анализите платени со јавни пари остануваат тајни, препораките – неизвршени

Дваесет и четири години по потпишувањето, се уште нема квалитативна екс-пост анализа за Охридскиот рамковен договор, за да се знае колку е исполнет, спроведуван и дали ги дал очекуваните резултати. 

Според Телевизија Алсат, ДУИ во повеќе наврати се обидувала да го покрие недостигот од реализација со скапи анализи финансирани од поранешниот Секретаријат за имплементација на Охридскиот договор, за кои биле исплатени околу 100 илјади евра по проект, со цел тие да се претстават како напредок во спроведувањето на договорот.

Првиот тендер, јавува телевизијата, објавен во 2013 година, вредеше околу 6 милиони денари (100 илјади евра) и беше доделен на компанијата „TAG Комуникации“ на Газменд Ајдини, близок до ДУИ и носител на повеќе државни функции. Анализата, која никогаш целосно не била објавена, препорачувала воведување законски обврски за компании од државен интерес да обезбедат правична застапеност, санкции за говорот на омраза, поголем буџетски децентрализам и решавање на статусот на семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.

Иако тогашниот вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, Муса Џафери, ја оцени анализата како „унапредена интерпретација на Уставот“, ниту една од препораките не беше спроведена во следните девет години на власт на ДУИ.

Во 2015 година, Секретаријатот распиша втор тендер, повторно од околу 100 илјади евра, кој повторно го доби „TAG Комуникации“. И оваа анализа остана недостапна за јавноста, а според медиумските извештаи, повторно констатирала недоволна застапеност на Албанците во институциите, непочитување на претходните препораки и нерешени проблеми со „администратори без работно место“.

Ниту една од двете анализи не доби политичка поддршка или правен статус, бидејќи не биле прифатени од тогашниот владин партнер на ДУИ, Никола Груевски.

Во 2016 година, беше објавен трет тендер од околу 90 илјади евра, кој наместо на консултантска фирма, беше доделен на трговското друштво „TDS Киоски“, без претходно релевантно искуство. Во тоа време заменик на премиерот за спроведување на Рамковниот договор бил Фестим Халили, кој во последниот мандат на ДУИ беше директор на ФИТР. Како што откри Алсат, подружницата за маркетинг „TDS Advertising Тетово“ била регистрирана 11 дена по доделувањето на тендерот, што доведе до укинување на договорот по медиумски притисок.

„Со ова заврши и сагата за анализите, платени од парите на даночните обврзници, чиј ефект, останува – нула“, констатира Телевизија Алсат.

Related posts

Лавров предупредува на одмазда ако Европа испрати трупи во Украина или заплени руски средства

admin

Четворица на обвинителна клупа, но многу пошироки импликации: што ќе значи пресудата за Тачи и ОВК

admin

МОСКВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ ВРЗ ДРЖАВИ ОД НАТО

ninja

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

admin

Ескалира политичката пресметка за водната криза: ВМРО бара истрага, СДСМ го обвинува Мицкоски за злоупотреба на Обвинителството

admin

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja