21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Љуботен 2001: Две трагедии, одделни сеќавања, етничко известување

Северна Македонија во вторникот се потсети на настаните во селото Љуботен пред 24 години, кога единици на безбедносните сили убија десет етнички албански цивили за време на вооружениот конфликт во 2001 година.

Наутро на 12 август 2001 година, полициски и воени сили извршија операција во селото северно од Скопје, при што беа убиени Ерџан Алиу (6), Далип Мурати, Мухарем Рамадани, Мемет Мемети, Рами Јусуфи, Џелал Бајрами, Кадри Јашари, Бајрам Јашари, Сулејман Бајрами и Атула Каили. Според податоците од истрагата, беа запалени 14 куќи, а над 100 жители беа приведени и малтретирани.

Властите тогаш изјавија дека акцијата била насочена кон припадници на Ослободителната национална армија (ОНА), за кои постоеле информации дека се наоѓаат во селото. Акцијата селедуваше два дена по смртта на суммина припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кои на 10 август 2001 година загинаа во експлозија на мина кај Љуботенски бачила.

Случајот „Љуботен“ е еден од ретките од конфликтот во 2001 година процесиран пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. Во 2008 година, поранешниот висок офицер на безбедносните сили Јохан Тарчуловски беше осуден на 12 години затвор за убиство, кршење на законите на војна, тортура и уништување имот. Тој ја одслужи осумгодишната казна и денес е на слобода.

Тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој беше првообвинет во предметот, беше ослободен од сите обвиненија.

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој во 2001 ја предводуваше ОНА, во понеделникот ги потсети јавноста на настаните во Љуботен, оценувајќи ги како доказ за цената што, според него, Албанците ја платиле за слобода и еднаквост.

Истовремено, Општина Ѓорче Петров одбележа 24 години од загинувањето на осуммина припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кои на 10 август 2001 година загинаа во експлозија на мина кај Љуботенски бачила.

На церемонијата присуствуваа претставници од Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Кабинетот на Претседателот, Министерството за внатрешни работи и здруженија на бранители. Делегациите, заедно со членовите на семејствата на загинатите, положија цвеќе и одржаа минута молк.

Во експлозијата загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски.

Освен одвоеното сеќавање од страна на политички и државни преставници, и медиумите известуваа само за „нивните“ жртви.

Related posts

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува Лафчиски со Медал за истакната служба

admin

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

Муцунски во Лавов: Северна Македонија ја поддржува иницијативата за специјален трибунал за агресијата врз Украина

admin

Обвинетите не чувствуваат вина, родителите со транспаренти – продолжи судењето за трагедијата во „Пулс“

admin

Грција ќе го укине трајното вработување во јавниот сектор

admin

Црвен тепих, воени почести и заедничка порака: Што договорија Си и Ким во Пјонгјанг?

admin