27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Блокади на улици за државни функционери: балканска практика или европска норма?

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во саботата навечер присуствуваше на отворањето на фестивалот за староградска песна „Теута“. За време на неговото пристигнување, речиси целиот сообраќај беше блокиран речиси еден час, при што се создаде дополнителен хаос во и онака оптоварениот сообраќај на градот.

Слични ситуации се случуваа и во периодот 2017–2024 година, кога претседател на Собранието беше Талат Џафери. Бидејќи живееше во Гостивар, автопатот до Скопје редовно беше блокиран во раните утрински часови, што предизвикуваше големи гужви и застои.

Се плашат од народот или?

Блокирањето на улици при движење на високи државни функционери, вклучително и претседателот на Собранието, е вообичаена практика во Северна Македонија и пошироко на Балканот. Властите ја оправдуваат мерката со безбедносни причини, додека јавноста често ја доживува како непотребен луксуз и прекин на секојдневниот живот.

Протоколарната заштита е дел од уставниот систем – претседателот на парламентот е трет по хиерархија во државата и презема дел од надлежностите во случај на институционална криза. Министерството за внатрешни работи обезбедува колона на возила, придружба со специјални единици и привремено затворање на сообраќајници. Целта, велат официјалните лица, е „брзо и безбедно движење за да се минимизира ризикот“.

Како е практиката во цивилизираниот свет?

Практиката, меѓутоа, не е универзална во Европа.

Во Централна и Источна Европа, како во Хрватска, Србија или Бугарија, колоните и блокадите се чести и често придружени со силно полициско присуство. Историската нестабилност и политичките тензии се наведуваат како причини за ваквото високо ниво на заштита.

Западна и Северна Европа применуваат поинаков модел. Во Данска, Шведска или Холандија, функционерите често се движат со минимално обезбедување, користејќи јавен превоз или велосипеди. Тамошната безбедносна култура се потпира на дискретно присуство на служби, наместо на видливи блокади.

Франција, Германија и Велика Британија обезбедуваат силна заштита за претседатели и премиери, но со различен пристап: наместо затворање на улици, користат специјални возила и оперативни тактики кои го минимизираат влијанието врз јавноста.

Блокадите се реликт од минатото и дека создаваат чувство на оддалеченост помеѓу функционерите и граѓаните. Европеизацијата почнува од главата на функсионерите, а не само со сликање и носење закони со европско знаменце.

 

Related posts

Трамп повторно го критикува Стармер за одбивањето да дозволи напади врз Иран од британски бази

admin

ФЗО под судски удар: Слаби контроли, германски тужби и сајбер хаос го разоткриваат системскиот колапс

admin

Цвета градежниот бизнис (статистики)

admin

Истраги откриваат коруптивни шеми во Управата за јавни приходи вредни десетици милиони евра

admin

Николовски: Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!

admin

Трамп го напушта самитот на Г7 поради кризата на Блискиот Исток

admin