31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети: Курти ја ослабнаа позицијата на Албанците во Северна Македонија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека ставовите на косовскиот премиер Албин Курти за статусот на албанскиот јазик во Северна Македонија негативно се одразиле врз позицијата на Албанците во земјата.

Во емисијата „Дебат Плус“ на косовската телевизија “Дукаѓини”, Ахмети рече дека изјавите на Курти биле искористени од „антиалбански кругови“ и му дале политички аргументи на премиерот Христијан Мицкоски.

„Премиерот на Косово излезе и рече дека албанскиот јазик никогаш не бил службен. Тоа со недели го користеа најголемите антиалбанци. Мене тоа ме глодаше во душата“, изјави Ахмети.

Тој оцени дека ваквите ставови придонеле за „делегитимирање“ на барањата на Албанците, додавајќи дека состојбата со употребата на албанскиот јазик се влошува.

„Јазикот се оспорува и не се користи како порано во институциите. Правичната застапеност е намалена“, рече Ахмети.

Употребата на албанскиот јазик во Македонија веќе подолго време станува главна тема кај етничките Албанци во земјата. По протестите на албански студенти во Скопје, кои бараат професионалните испити да можат да се полагаат и на албански јазик, согласно постојното законодавство, политичката реторика се заострува а јавниот дискурс е доминиран од овие теми.

Related posts

Ќе го најдат ли Георгиев и Муцунски тоа што спојува?

admin

Депониите со мешан отпад се едни од најризичните

admin

Тајни притисоци и лиценци? Поранешен директор со тешки обвинувања кон врвот на БЕСА

admin

Што се договараше во Мала Речица? Филипче и Ахмети во неочекувана средба

admin

Трамп ја спомена Македонија: Зошто Охридскиот договор повторно се најде во американски документ?

admin

Иран запали танкер кај Дубаи, Трамп се закани со удар врз енергетската мрежа на Техеран

admin