22.9 C
Скопје
22 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ексдиректорот Димовски: АНБ лажела за истрагата – предметот го работеле прераспоредени службеници, не внатрешната контрола

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, изјави дека според информации до кои дошол, на предметот што предизвика силни политички реакции во земјава не работеле службеници од Одделот за внатрешна контрола, туку вработени од други оддели кои биле прераспоредени во тој сектор.

Димовски во интервју за емисијата „360 степени“ рече дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозно отстапување од законски утврдените процедури во агенцијата задолжена за контраразузнавање и заштита на националната безбедност.

„До мене допреа информации дека службениците кои формално биле распоредени во Одделот за внатрешна контрола биле преместени на други задачи, а нивното место го презеле вработени од други организациони единици на агенцијата. Тие, по наредба на раководството, биле задолжени да работат на предметот,“ изјави Димовски.

Тој притоа нагласи дека внатрешната контрола во АНБ е дефинирана со закон и со интерни акти, а терминот „истрага“ не се користи во нивната работа. „Ако на брифингот од 29 август е употребен тој термин, тогаш или станува збор за лапсус, или, пак, за нешто посериозно,“ додаде тој.

На брифингот во АНБ минатиот месец беше соопштено дека известувањата доставени до Обвинителството за организиран криминал и корупција се резултат на „внатрешна истрага“ во агенцијата, што укажа на индиции за незаконско и неетичко постапување на поранешен директор и група вработени.

Димовски предупреди дека доколку навистина било изведено такво прераспоредување, тоа би било спротивно на духот на Законот за национална безбедност, кој строго ги регулира кадровските решенија. „Местата на вработените се гарантирани со закон, а унапредување или разместување може да се врши само во строго дефинирани околности,“ рече тој.

Тој исто така се осврна и на најавената седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ, која повеќепати беше одложувана и сега е закажана за 10 септември. „Многу е важно да профункционираат институциите, особено парламентот како орган кој има надзорна улога. Жал ми е што Комисијата не реагираше уште во 2022 година за случајот Онишченко,“ рече тој.

Според него, Комисијата има ограничени овластувања – таа не смее да има увид во идентитетот на тајни соработници или во изворни оперативни материјали. „Зачудува фактот што, според медиумските информации, на лица со судир со законот им бил овозможен увид во такви материјали,“ нагласи Димовски.

Изјавите на поранешниот директор на АНБ доаѓаат во период на засилени политички тензии околу управувањето со безбедносните институции и нивната транспарентност, во време кога владата се соочува со критики за злоупотреба на тајните служби.

 

 

Related posts

Таравари: ВЛЕН ги блокираше вработувањата во Клиничката болница во Тетово од партиски причини

admin

„Заканата е реална“: НАТО воведува ново оружје против дронови

admin

Убедлива победа на Рама, освојува над 50% од пратениците

admin

Убиен човекот кој го запали Куранот

admin

Британија свикува итен самит за Ормутскиот теснец, додека Трамп бара другите да ја преземат контролата

admin

Спречена блокада на сите полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром

admin