18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ најавува кривична пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради морбидна интернет-кампања

ВМРО-ДПМНЕ ја осуди дистрибуцијата на фотомонтажи и лажни обвинувања поврзани со трагичните настани во Кочани, истакнувајќи дека станува збор за „срамна, злонамерна и монструозна“ кампања со цел политичка манипулација.

Според партијата, содржините биле објавени на новооснованата интернет страница ubijcitenakocani.com, чиј домен бил регистриран на 16 септември 2025 година. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека јавното отсуство на податоци за регистрантот, во комбинација со анонимни name servers, укажува на намерна прикривка на вистинските сопственици.

„За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад ваквите обиди стојат структури блиски до министерот Венко Филипче, кои злоупотребуваат политика и јавен простор за лични и партиски цели“, се наведува во соопштението. Партијата повикува на итна реакција од надлежните институции и истрага за утврдување на вистинските иницијатори на кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ ја нагласува важноста трагедијата да остане недопирлива и вели дека политичката омраза и лажните обвинувања не смее да се користат како инструмент за политичка борба. „Обидот да се оцрни политички противник преку монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи“, стои во соопштението.

Партијата потсетува дека останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење омраза и дезинформации.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), пај, најави дека ќе поднесе кривична пријава за откривање на сторителите зад, како што велат, морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ на интернет, со која опозициската партија се обидува да се претстави како жртва во јавноста.

СДСМ посочува на фотомонтажа објавена на веб-страницата www.ubijcitenakocani.com, каде наводно испрскан со крв е прикажан премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

„Ваквиот обид ја открива слабоста на оваа власт, која нема проекти ниту политики. Најновата измислица на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денес е тврдењето дека некој барал ‘убиство на Мицкоски’. Веб-страницата е регистрирана на 16 септември 2025 и наполнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, што укажува дека е направена за морбидни пиар-потреби“, соопшти СДСМ.

Партијата побара ВМРО-ДПМНЕ да се извини за обидот за манипулација и предупреди дека во спротивно ќе поднесе тужба за клевета. Дополнително, СДСМ побара од институциите да ја испитаат сопственоста на спорната веб-страница.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, оцени дека кривичната пријава е обид на СДСМ да ја дефокусира јавноста и да се огради од, како што велат, повиците за убиство против премиерот, министерот и директорот на БЈБ. „Кривичната пријава е како убиец да ја обвини жртвата дека сама го организирала злосторството“, велат од партијата.

 

Related posts

The Sun: Последните јавни зборови на Алекс Салмонд откриени во потресна објава неколку часа пред смртта

admin

Протести во Скопје, Собранието на пауза

admin

“Не може Висар Ганиу да уништи толку документи, колку што јас имам докази“

admin

Судир за реформите: милиони евра од ЕУ во игра

admin

Едно од седум деца во Европа живее со ментално нарушување

admin

Како до стан со изгор цени за квадратен метар?

admin