19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кошта: Северна Македонија заслужува гаранции дека нема нови услови за ЕУ по уставните измени

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во петокот изјави дека Северна Македонија заслужува гаранции оти нема да се соочи со нови услови на патот кон Европската унија откако ќе ги исполни сегашните обврски.

„Многу е важно да се изгради доверба и да ѝ се даде гаранција на Северна Македонија дека она што го бараме сега е сè што бараме, а не дека чекаме потоа да побараме повеќе. Тоа е разумно“, рече Кошта на прес-конференција со бугарскиот премиер Росен Желјазков во Софија.

Тој нагласи дека токму заради потребата од доверба ги поканил владите во Скопје и Софија да започнат соработка на конкретни проекти, меѓу кои и подобрување на транспортните коридори.

„Ова би бил прв важен чекор за да се почне да се работи заедно“, додаде тој.

Кошта истакна дека земјата мора да ги исполни постојните обврски – пред сè уставните измени – за да ги отпочне преговорите со ЕУ. „Она што е договорено, е договорено. Тие треба да испорачаат“, рече тој.

Притоа потсети дека ја разбира фрустрацијата во Скопје, кое веќе го сменило знамето, името и еднаш го менувало Уставот. „Природно е да очекуваат конкретизација на процесот“, рече Кошта.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за поврзаност меѓу Заев и осомничен за подметнување пожар, од СДСМ остро демантираат

admin

Меџити ќе се кандидира во Чаир, “Вреди” со свој кандидат и за Град Скопје

admin

Клучните точки од договорот за стратешко партнерство помеѓу Северна Кореја и Русија

admin

САД издадоа нова 30-дневна дозвола за продажба на руска нафта

admin

Финансиската полиција приведе конзул и неколку поранешни раководители во РЕК Битола под сомнение за местење тендери

admin

ЕУ и САД реагираат на вмешувањето на владата во судството

admin