28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: АНБ веднаш да ги декласифицира документите за „аферата со прислушкување“

Опозициската партија СДСМ во четвртокот побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) итно да ги декласифицира сите документи поврзани со случајот што, според нив, власта се обидува да го прикаже како афера со прислушкување.

„Законот е јасен – тој што класифицира, тој и декласифицира. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш“, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.

Партијата оцени дека неоснованите обвинувања ја поткопуваат довербата во институциите и претставуваат „опасна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ“. СДСМ ја доведе во прашање и контрадикторноста меѓу изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил прислушуван, и на директорот на АНБ, Виктор Христовски, кој рече дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица.

„Некој тука свесно лаже. Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди вистината“, се наведува во реакцијата.

СДСМ предупреди дека доколку не се направи декласификација, тоа ќе значи дека целата афера е конструирана од политички мотиви и за партиски интереси на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Вучиќ ја прекина посетата на САД поради здравствени причини

admin

ВЛЕН: Апасиев го потврди коалицискиот сојуз со ДУИ и Арсовска, на штета на жителите на Чаир и Сарај

admin

ДУИ ја прекрсти ВЛЕН (ВРЕДИ) во ФЛЕН (СПИЕ)

admin

Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО

admin

Мицкоски – Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето

ninja

Путин го поддржа американскиот план за окончување на војната; Трамп ѝ постави рок на Украина

admin