30.4 C
Скопје
19 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Директор во Шпаркасе психички малтретирал вработена додека правела инвитро

Трудовиот инспекторат изрече опомена на Шпаркасе банка за непочитување на Законот за заштита од вознемирување на работно место. Банката не го почитувала член 28 од Законот кој и налага да ја заштити вработената од психичкото малтретирање. Шпаркасе во одговорот не кажа дали превзела мерки за казнување на вознемирувачот и директорот за човечки ресурси.

Истражува: Тим на Инбокс 7

Работодавачот да ја премести вознемируваната вработена која е малтретирана од претпоставениот директор, ова е накратко сублиматот на решението на Државната инспекторка за труд, Соња Ѓорѓиева. Според документот, таа со решение од увид извршен на 26 Август 2025 година ја задолжува Шпаркасе банка застапувана од Санел Костурица, Нина Неданоска, Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ да постапи во рок од 5 дена.

 

 

Во решението, до кое дојде Инбокс7, се наведува дека на 28 Јули 2025 година вработена во Шпаркасе поднела писмено барање за заштита од психичко вознемирување на работно место. Во барањето е наведено дека од 08 Октомври 2024 година трпи вознемирување на работно место од директорот.

Дали Шпаркасе го штити вознемирувачот?

Инбокс7 достави прашање до Шпаркасе банка во врска со тоа дали се преземени внатрешни дисциплински мерки во согласност со член 29 од Законот за заштита од вознемирување на работа.

Во писмен одговор, добиен на 17 октомври 2025 година, банката наведе:

Шпаркасе Банка АД Скопје постапува исклучиво во согласност со законските прописи и со највисоки стандарди на професионално и етичко однесување.

Во сите процеси поврзани со работните односи, Банката ги почитува законите, внатрешните политики и процедурите, обезбедувајќи транспарентен, еднаков и фер пристап кон сите вработени.

Во рамки на своите надлежности, Банката ги применува сите предвидени правни механизми со цел заштита на достоинството на вработените, како и на интегритетот на институцијата.

Шпаркасе Банка останува посветена на создавање и одржување на безбедна, почитувачка и поддржувачка работна средина за сите свои вработени.“

 

 

 

Одделот за човечки ресурси продолжил со непочитување на Законот

Според податоците од решението на Инспекторатот за труд, психичкото вознемирување врз вработената, која правела ин витро постапка, траела цела година, за конечно случајот да го пријави до Оделот за човечки ресурси во Шпаркасе банка.

Но наместо помош од одделението за човечки ресурси, според сведочењата за Инбокс7, тие продолжиле со непочитување на Законот за заштита од психичко вознемирување на работното место.

Според исказите, на 12 Август годинава, вработената поднела лекарско уверение во кое лекарите дале мислење дека вработената треба да работи од дома.

Иако Шпаркасе банка е должна според Законот за заштита од вознемирување на работно место да ја премести вработената на друго работно место, односно друга работна средина, Шпаркасе банка, спроед сведочењето, тоа одбива да го направи, по што е пријавена во Инспекторатот за труд.

Како директор за човечки ресурси во Шпаркасе банка на сајтот на Македонската асоцијација за човечки ресурси се наоѓа името на Амина Идризи. Инбокс7 не можеше независно да потврди дали истата личност била вклучена во конкретниот случај.

Личност со исто име и презиме се има потпишано и на Решението од Инспекторатот за труд.

Инбокс 7 постави прашање до Шпаркасе банка, дали се превземени и какви мерки се превземени против директорката на човечки ресурси. Од Шпаркасе банка не добивме конкретен одговор.

Според македонското законодавство, работодавачите се должни да превенираат и да реагираат на секоја форма на вознемирување на работното место. Санкциите можат да вклучуваат официјални опомени, глоби или дисциплински постапки.

Опомената на Инспекторатот претставува формално известување за неправилност и препорака за преземање корективни мерки.

Related posts

Тајни мејлови го поврзуваат Бил Гејтс со Епстин: тврдења за болест, антибиотици и ‘руски девојки’

admin

Компании од Бања Лука во фокусот: Кој стои зад одлуките?

admin

Почнува судењето за трагедијата во „Пулс“: 15 обвинители ќе го застапуваат случајот

admin

Алиу: 86,9% од учениците бараат забрана – носиме закон за да ја спасиме новата генерација од никотин

admin

Трамп тврди дека има договор со Иран – Техеран остро демантира

admin

Гласот на граѓаните се слуша, но дали ќе донесе трајни промени?

admin