31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судот ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ за упатството за радиодифузерите

Управниот суд во Скопје ја отфрли тужбата на политичката партија Левица со која бараше поништување на упатството што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го донесе на 26 септември во врска со медиумското известување за локалните избори во 2025 година.

„Тужбата на тужителот Политичка партија ‘Левица’ од Скопје за поништување на упатството на АВМУ се отфрла,“ се наведува во решението на Судот.

Во образложението, Судот посочува дека упатството не претставува поединечен управен акт, туку општ документ со кој се даваат насоки за примена на одредбите од Изборниот законик. Поради тоа, како што стои во решението, не може да биде предмет на управен спор.

„За да може еден управен акт да биде предмет на управен спор, тој треба да биде индивидуален и конкретен, донесен во управна постапка со која се решава за права и обврски на поединци или правни лица,“ се наведува во судското образложение.

Судот оцени дека упатството на АВМУ е донесено врз основа на законски овластувања и претставува општ акт, поради што тужбата на Левица се отфрла како недозволена.

Related posts

„Турбината“ на ЕУ врти и за македонските енергетски потреби

ninja

Анкетата на ИРИ во Северна Македонија покажува зголемување на руското и кинеското влијание

ninja

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin

Пронајдени отпадоци од авион Ф-35 во Јужна Каролина откако пилотот се катапултирал

admin

Независност 32 години: Каде бевме, до каде стигнавме?

admin

Бугарите што работат во странство испратиле 1.32 милијарди евра средства во 2024 година 

admin