7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

УЈИЕ потпиша трипартитен меморандум за програмата British Parliamentary Debate

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово во четврток потпиша трипартитен меморандум за соработка со Westminster Foundation for Democracy (WFD) и Младинскиот образовен форум (МОФ), со цел развој и имплементација на програмата за дебата во форматот British Parliamentary.

Документот го потпиша ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со претставници на WFD и МОФ. Проектот е дел од иницијативата „Практикувај демократија“, која ја спроведува WFD со поддршка на Британската амбасада.

„Програмата им овозможува на студентите да ги развијат своите критички и говорнички вештини, а истовремено им отвара врати кон меѓународни натпревари и академски активности,“ соопштија од МОФ.

Ментори на студентите ќе бидат професорките Албана Метaj и Фјола Капроли од Правниот факултет, додека Дебатниот клуб на УЈИЕ ќе го водат самите студенти.

Related posts

Филипче од Струмица: ВМРО ја турка Македонија кон пропаст

admin

Како сомелиер ги чува ретките вина од „големото прашање“ на измама

admin

Нетанјаху ќе разговара со Трамп и Путин за нападите врз Иран

admin

Ретка достоинствена прослава на независноста од една балканска држава

admin

Се разгорува битката за албанскиот глас: ВЛЕН тврди дека изборите ќе го запечатат крајот на ДУИ

admin

Нова сезона за игри на националистичка карта

admin