31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски доби поддршка од Вреди за вториот круг во Скопје

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обезбеди поддршка од коалицијата Вреди, предводена од лидерите Иџет Меџити и Башким Бакиу, за вториот круг од локалните избори во главниот град.

Договорот, кој според извори на двете страни бил постигнат доцна синоќа, предвидува заедничко делување во кампањата со цел да се мобилизираат гласачите на Вреди, особено во општините со мешано етничко население.

„Скопје го правиме заедно, победата ќе биде историска“, изјави Ѓорѓиевски на собирот по официјализирањето на поддршката. Тој додаде дека ќе ја засили кампањата во последните денови пред гласањето и дека „не е фокусиран на противниците, туку на граѓаните“.

Меџити, лидер на Демикратски дојуз и коосновач на коалицијата Вреди, порача дека поддршката за Ѓорѓиевски е „глас за промени во главниот град и за ефикасно управување без поделби“.

Со овој договор, Ѓорѓиевски влегува во вториот круг со проширен фронт на поддршка, кој покрај ВМРО-ДПМНЕ, сега вклучува и дел од албанскиот електорат преку коалицијата Вреди и симпатизери на Левица, чиј кандидат Амар Мециновиќ се повлече од трката во негова корист.

Аналитичарите оценуваат дека потегот би можел да му обезбеди клучна предност на Ѓорѓиевски во дуелот за Скопје, кое останува симболично и политички најважно бојно поле на локалните избори.

„Поддршката од Вреди му носи дополнителна легитимност и ја проширува неговата изборна коалиција кон центарот. Но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да ја претвори предноста од првиот круг во конечна победа.

Вториот круг на локалните избори во Северна Македонија ќе се одржи на 27 октомври.

 

Related posts

Империјата на Орбан се распаѓа: Провладините медиуми паѓаат еден по еден

admin

ДУИ: Мицкоски продолжува да ги дели Албанците – оваа реторика ја обединува албанската политичка сцена против него

admin

РЕФОРМА НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ БЕЗ ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ

ninja

Во Кина, ентузијазмот за „OpenClaw“ се шири – од ученици до пензионери кои „одгледуваат јастози“

admin

СПАСОВСКИ: НАДВОРЕШНИТЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД ИРАН И ОД РУСИЈА

ninja

Германија и Франција заедно сочинуваат половина од жителите на ЕУ

admin