21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

“Нема пукнатини во системот на Путин”

Петнаесет месеци по почетокот на руската агресорска војна против Украина, Германската служба за разузнавање (БНД) не констатира никакви индиции кои би навестувале дестабилизација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Без оглед на поединечни критики,на пример поврзани со испораката на муниција за руската војска на фронтот, нема никакви назнаки дека системот би бил разнишан или би имплодирал, изјави шефот на германската служба за разузнавање во странство, Бруно Кал. Но, тоа сепак не може да биде исклучено, смета тој.

„Русија, како и досега, и натаму е во состојба да води војна на долги патеки, со постојано регрутирање на нови војници. Тоа се однесува и на областите вооружување и муниција“, истакна Кал во Сојузната академија за безбедносна политика (БАКС) во Берлин.

Од тие причини, не може да стане збор за слабост или за можност од пропаѓање на операциите, иако постојат ранливости, а исто така и изненадувања, на пример во однос на ефикасноста на руската армија. Но, доколку Западот не ја поддржува Украина многу организирано и не организира отпор, стратегијата на Путин која се потпира на акции на долг рок, може да биде успешна, смета шефот на БНД./ДВ

Related posts

Почина Тото Котуњо

admin

Лидер или алтер его: Филипче пред тешка задача

admin

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

Демохристијаните победија во Германија, но коалициските преговори се неизвесни

admin

Лекарите предупредуваат на здравствени ризици од чадот од скопските депонии, граѓаните бараат итни мерки

admin

ЕУ одобри 16 милиони евра за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

admin