14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Анџела Агелер открива: Зошто Македонија и САД имаат повеќе заеднички интереси отколку што мислите

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, рече дека односите меѓу САД и Северна Македонија се темелат на заеднички вредности, а не само на геополитички интереси. Таа го изнесе ставот во интервју за ТВ21, во емисијата „Клик Плус“.

„Првата и најважна заедничка вредност е вербата во демократијата. Иако нашите влади се различни, еднакво ги вреднуваме индивидуите и заедниците“, рече Агелер, истакнувајќи дека институционалната стабилност и владеењето на правото остануваат главен предизвик.

Таа посочи дека економскиот развој претставува втор клучен столб на соработката. „Посилната економија на Северна Македонија е од корист не само за граѓаните туку и за САД, носејќи стабилност и сигурност“, додаде амбасадорката.

Безбедноста и членството на Северна Македонија во НАТО, според Агелер, се дополнителни елементи на силното партнерство. Таа го оцени членството во НАТО како „огромно достигнување“ и подвлече дека државата е значаен сојузник за јакнење на трансатлантските односи и европската стабилност.

Агелер исто така изјави дека е неопходна поголема практична посветеност на принципите што ги обединуваат двете земји и повика на конкретни чекори, особено во однос на владеење на правото.

 

Related posts

Турција го заменува Иран како доминантен странски „играч“ во Сирија

admin

Камерите станаа политичко оружје: Петрушевски го брани „Безбеден град“

admin

ГРЦИЈА ГО РЕГИСТРИРАШЕ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ninja

Агелер: Никој не е над законот

admin

Заев ги отфрли обвинувањата за „куфери со пари“, го обвини премиерот Мицкоски за пренасочување на вниманието од неуспесите

admin

Чувари на формулата за решение околу уставните измени

admin