31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почнува судењето за трагедијата во „Пулс“: 15 обвинители ќе го застапуваат случајот

Следната недела ќе започне судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека предметот ќе го застапуваат 15 обвинители со воспоставен систем на координација.

Обвинителството во јуни поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Меѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници и државни службеници.

Покрај главниот предмет, се води и истрага против 13 полицајци, која напредува побавно бидејќи ја води само еден обвинител. Иако било предвидено да заврши до крајот на септември, поради одложени сослушувања на сведоци, јавна обвинителска одлука се очекува на почетокот на декември.

Во Основното обвинителство во Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи, кои можеби пропуштиле да постапат по закон во врска со работењето на дискотеката.

Родителите на загинатите најавија протестен марш наречен „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи на 15 ноември во Скопје. Демонстрантите ќе тргнат од плоштадот „Македонија“ во 12:05 часот и ќе поминат пред Собранието и Основниот кривичен суд.

„Нашите деца загинаа на 16 март. Шеесет и три животи згаснаа во една ноќ. Не бараме милост, бараме правда“, порачаа родителите во видеообраќање.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година. Огнот брзо се проширил, а поголемиот дел од жртвите биле млади лица. Настанот предизвика силни реакции во јавноста и доведе до барања за институционална одговорност за пропустите што ја овозможиле трагедијата.

 

Related posts

АМЕРИКАНСКИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ ЗА КОРУПЦИЈА ЈА НАПУШТИЛЕ МАКЕДОНИЈА

ninja

Стари фотографии употребени за ширење паника, омраза и лажни вести

admin

Руте: Потребна е посилна Европа во посилно НАТО

admin

Бранко Чечен: Нема враќање назад – само избори можат да ја спасат Србија од крвопролевање

admin

Соло играта на Таравари оди кон расплет или заплет?

admin

Договор постигнат по два месеци: кој попушти во Вашингтон?

admin