10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити потврди: Хоџа ќе биде министер за екологија, Сали прв вицепремиер

Еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе го води Министерството за екологија, додека актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер.

Меџити изјави дека за сите детали околу евентуалните промени на други ресори, ВРЕДИ ќе ја информира јавноста. Прашан за замената на актуелниот министер за здравство Азир Алиу, тој рече дека засега нема конечни одлуки и дека предлозите ќе бидат доставени до премиерот Христијан Мицкоски.

Извори од мнозинството во Собранието наведуваат дека власта планира седница за реконструкција на Владата пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, каде ќе се разгледаат празните министерски места. Мицкоски потврди дека коалицијата ВРЕДИ нема да добие дополнителен ресор и дека еден и ист човек може да извршува функции и на вицепремиер и на министер.

Related posts

Војната стигна до бугарските води: Два цивилни брода погодени со дронови

admin

Покраинските избори и иднината на германската влада

admin

Турбуленции во Сојузот на стопански комори на Македонија: разрешени двајца потпретседатели

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin

ЗА ШТО СЛУЖАТ ЗАКОНИТЕ?

ninja

Дронови, ракети и закани: светот стравува од нова ескалација

admin