19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Упад во редакцијата на „Инфомакс“, нападнати новинари за време на емисија во живо

Непознато лице синоќа влегло во редакцијата на интернет-порталот „Инфомакс“ во Скопје и физички нападнало членови на екипата додека во живо се емитувала емисијата „Тешки муабети“, соопшти редакцијата.

Инцидентот се случил нешто пред полноќ. Напаѓачот влегол во студиото, упатувал закани и оштетил имот, по што емисијата била прекината. Главниот уредник Александар Митовски изјави дека нападот се случил „во момент кога се отворала тема поврзана со мигрантите“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски екипи интервенирале веднаш по пријавата и презеле мерки за идентификација на сторителот.

Новинарски здруженија и повеќе јавни фигури го осудија инцидентот, повикувајќи на обезбедување безбедни услови за работа на медиумите.

ВИДЕО

Related posts

Пендаровски со жестоки критики кон Мицкоски – Николовски и Милошоски со остри реакции

admin

Македонија доби пофалби во НАТО, но испрати порака до ЕУ

admin

Се стопи македонската средна класа

ninja

Иран и Израел одат кон тотална војна

admin

Незири: Одбрана на демократијата значи борба за нејзината функционалност

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja