7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Деспотовски со остри критики кон раководството на СДСМ

Јован Деспотовски остро го критикуваше раководството на СДСМ, обвинувајќи дел од партиските функционери дека со лични пресметки ги нарушуваат вредностите и интегритетот на партијата.

Деспотовски изјави дека случувањата кои изминатите денови излегоа во јавноста не ја отсликуваат, како што рече, вистинската идеолошка матрица на СДСМ, туку се резултат на дејствувањето на поединци кои во моментов имаат контрола врз партијата.

„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија. Ова е срам кој ѝ го нанесуваат поединци“, рече Деспотовски, прашувајќи кои се аргументите и доказите за наводните обвинувања за негова соработка со политички опоненти.

Тој порача дека нема да дозволи, како што рече, валкање на неговото име и најави дека ќе побара одговорност доколку не бидат изнесени конкретни докази за тврдењата против него.

Според Деспотовски, внатрешните поделби во СДСМ се продлабочуваат, наместо да се надминуваат, и повеќе од една година по парламентарните избори партијата, како што рече, не успева да ги консолидира сопствените редови.

„Наместо да градиме јасен политички фронт кон власта, ние копаме ровови меѓу себе“, изјави тој, додавајќи дека реакциите и на јавноста и на членството укажуваат дека партијата останува неединствена.

 

Related posts

БЕКТЕШИ – АКО НЕ ЈА ПОЕВТИНИТЕ ХРАНАТА ЌЕ ВИ ЈА УКИНЕМЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА

ninja

Шеснаесет пациенти од трагедијата во Кочани пуштени на домашно лекување, четворица остануваат во критична состојба

admin

Брутален крај на Вембли: Усик го нокаутира Дубоа и стана апсолутен шампион!

admin

ЕУ и Британија закажаа клучен самит: Дали почнува нова ера по Брегзит?

admin

Турскиот пазар во слободен пад: Протести и најголем пад на берзата од 2008 година

admin

Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

ninja