36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Или си СДСМ или си тезгарош”: Шилегов повика на оставка на Филипче

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во вторникот побара оставка од партискиот лидер Венко Филипче, само еден ден откако Социјалдемократскиот сојуз го избра новото раководство.

Шилегов ја објави пораката на социјалните мрежи, во која со остар и ироничен тон го критикуваше раководството на партијата и директно ја доведе во прашање одговорноста на нејзиниот претседател.

„Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов во објава на Фејсбук, најавувајќи дека дополнителни прашања ќе бидат отворени по празниците.

Во подоцнежна објава тој појасни дека неговата порака била недвосмислена. „Да, барам оставка од ‘претседателот’ на СДСМ“, напиша Шилегов, наведувајќи дека поради реакциите во јавноста решил јавно да ја разјасни својата позиција.

Повикот за оставка доаѓа еден ден откако Централниот одбор на СДСМ го потврди новиот состав на партиското раководство. Пратеничката Јована Тренчевска и Александар Трајановски беа избрани за нови потпретседатели, додека Александар Димитриевиќ останува генерален секретар, а Љупчо Фармаковски организациски секретар на партијата.

Од раководството на СДСМ засега нема официјална реакција на повикот на Шилегов, кој дополнително го продлабочува внатрепартискиот притисок врз Филипче во чувствителен период за опозициската партија.

Related posts

Мицкоски: Без силна акција од Брисел нема промена на ставот на Бугарија

admin

Нова политичка пресметка околу измените на Кривичниот законик по изјавите на Пендаровски

admin

Некој нема да лета – директорите или авионите

admin

По кризата со водата во Гостивар, ДУИ бара независна истрага и целосна транспарентност

admin

Шефот на дипломатијата Османи утре ја носи цела ОБСЕ во Тетово

admin

ДУИ: Македонците доминираат во армијата, стратегијата на државата е анти-НАТО

admin