9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Ревизија: Ноќни клубови во Северна Македонија добивале лиценци без безбедносни проверки

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни слабости во начинот на кој Министерството за економија и труд издава лиценци и решенија за категоризација на угостителски објекти, предупредувајќи дека диско-клубови, кабареа и ноќни барови можеле да започнат со работа без задолжителни безбедносни и технички проверки.

Според ревизорскиот извештај за 2024 година, законската рамка не предвидува задолжителна проверка на исполнувањето на минимално-техничките, противпожарните, санитарно-здравствените и еколошките услови пред издавањето на лиценците, ниту механизам за контрола дали објектите навистина ги исполнуваат условите при отпочнување со работа.

Ревизијата посочува и на отсуство на централен регистар за издадени лиценци, што, како што се наведува, го отежнува институционалниот надзор и создава ризик од работење без важечки документи.

Во 2024 година Министерството издало две лиценци за диско-клуб, четири за диско-клуб на отворен простор и 16 за кабаре, како и повеќе од 70 решенија за категоризација на ресторани и сместувачки капацитети. Во 2025 година биле одземени две лиценци за диско-клуб, една за диско-клуб на отворено и осум за кабаре.

ДЗР утврди и значителни финансиски пропусти, наведувајќи дека околу 2,1 милион евра не биле уплатени во државниот буџет поради застарување на прекршочни постапки. Според извештајот, Прекршочната комисија, иако формирана во 2019 година, започнала со работа дури во 2022 година, што довело до масовно запирање на предмети поради истек на рокови.

До ноември 2024 година биле донесени 1.534 решенија за запирање на прекршочни постапки, со што државата останала без значителни приходи, се наведува во ревизијата.

Ревизорите алармираат и за сериозни слабости во ИТ-безбедноста на Министерството. Во септември 2024 година институцијата била цел на таргетиран кибер-напад, по кој системите биле недостапни 37 дена, а дел од податоците – вклучително и електронската евиденција на предмети од Правниот сектор – биле неповратно изгубени.

Според извештајот, ИТ-секторот функционирал со само три вработени од предвидените 12, без усвоени политики за информациска безбедност, анализа на ИТ-ризици и назначено одговорно лице за сајбер-заштита.

ДЗР заклучува дека утврдените неправилности укажуваат на системска слабост во институционалниот надзор, што може директно да влијае врз безбедноста на граѓаните, особено во објекти со голема фреквенција и зголемен ризик. Ревизорите дале препораки за отстранување на недостатоците, а надлежните институции се задолжени да преземат мерки за нивна целосна имплементација.

Related posts

Атанасов: Образованието остана на маргините, штетите се долгорочни

admin

Неизвесност околу составот на новата влада во Косово

admin

ЕУ ја прошири листата на санкции: Руски пропагандисти и медиумски фигури под удар

admin

Филипче реизбран за лидер на СДСМ со намалена поддршка, експерти прашуваат за неговиот легитимитет

admin

Трамп договори руски дизел со Путин, Германија возврати: Санкциите остануваат

admin

„Не е важно како се облечени, туку што им излегува од уста“: Каква порака испраќаат политичарите со стилот на облекување?

admin