31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Катимерини: Агресивната реторика на Мицкоски ги загрозува односите со Атина

Националистичкото раководство на Северна Македонија ѝ нанесува штета на европската перспектива на земјата преку односот кон Грција, нејзиниот најважен сосед во геополитичка и економска смисла, пишува Том Елис во коментар објавен во грчкиот дневен весник Kathimerini.

Елис оценува дека агресивната реторика на премиерот Христијан Мицкоски, кој јавно се гордее со непочитување на договорот меѓу Скопје и Атина, е неприфатлива и може да има негативни последици за земјата.

Според авторот, изјавите на Мицкоски дека е „вратена“ употребата на името „Македонија“ во внатрешна употреба претставуваат не само политички провокативен потег кон Грција, туку и јасно прекршување на Преспанскиот договор, потпишан пред повеќе од седум години, со кој беше променето уставното име на државата.

Преспанскиот договор од 2018 година го реши деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, овозможувајќи членство на Северна Македонија во НАТО и отворајќи пат кон европска интеграција. Договорот, кој претставуваше компромис за двете страни, денес е дел од уставниот поредок на земјата и е правно обврзувачки, наведува Елис.

Авторот истакнува дека односите со Грција се клучни за иднината на Северна Македонија – не само како предуслов за членство во Европската унија и пристап до економските и геополитичките придобивки, туку и како фактор за стабилноста и трговските перспективи на земјата.

Елис потсетува дека Грција во изминатиот период се позиционирала како еден од најгласните поддржувачи на европската интеграција на Западен Балкан, наведувајќи ја поддршката за Албанија како доказ за тој пристап.

Во коментарот се наведува дека Атина јасно ставила до знаење оти нема да прифати какви било обиди за „фалсификување или менување“ на содржината на Преспанскиот договор, кој е дел од меѓународното право и темел на мирниот соживот меѓу државите.

Доколку владата во Скопје продолжи да не го почитува договорот и принципот на добрососедски односи, последиците ќе бидат директна одговорност на актуелното раководство, заклучува Елис во коментарот објавен во Kathimerini.

 

 

Related posts

Касами бара објаснување од Лимани за фотографијата со Ахмети во Тирана

admin

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија по судирот меѓу Трамп и Мерц околу Иран

admin

Едгар Џозеф: САД да понуди „историска вистина“ за Северна Македонија, поинаква од таа на Бугарија

admin

Нетанјаху ги обвини лидерите на Британија, Франција и Канада дека го охрабруваат Хамас

admin

Османи: Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е лоша и непромислена

admin

„Историски“ закон или козметичка реформа? Само 49 од над 1.300 институции под новите правила

admin