20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали новите измени на Кривичниот законик ја амнестираат елитата?

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците започна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од собранието.

На расправата учествуваа 13 стручни лица од областа на правосудството, меѓу кои адвокати, универзитетски професори, истакнати правници и претставници на невладиниот сектор. Главни забелешки беа насочени кон членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување, особено во контекст на измените од 2023 година за кои дел од стручната јавност смета дека овозможиле амнестија на функционери. Критики имаше и за одредбите поврзани со кривичните дела од Сејф сити системот.

Ана Чупеска, професорка на Правниот факултет и поранешна потпретседателка на СДСМ, оцени дека предложените измени претставуваат „правна козметика“ и инструмент на политичка моќ насочен кон заштита на политичките елити. Според неа, преку јазични формулации и субсидијарни клаузули се овозможува свесно амнестирање на службени злоупотреби.

Од друга страна, адвокатката Ружица Николовска рече дека измените во членот 353 се во позитивна насока, бидејќи се проширува опфатот на делото со искористување на службената положба или овластување и се заострува казнената политика преку зголемување на санкциите.

Адвокатот Звонко Давидовиќ оцени дека текстот содржи недоследности и треба доработка. Тој посочи дека во членот 353 не е предвидено задолжително одземање на имотната корист стекната со кривичното дело и нагласи дека одредбите за Сејф сити системот не опфаќаат возила управувани под дејство на алкохол или дрога, што претставува сериозен пропуст во безбедносната логика на законот.

Предложените измени имаат за цел отстранување на слабостите во постојните одредби и усогласување со Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година. Тие предвидуваат заострување на казнената политика за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ (член 353) и „Злосторничко здружување“ (член 394).

Јавната расправа продолжува, а изнесените забелешки и предлози ќе послужат како основа за евентуални доработки на законскиот текст пред понатамошното разгледување во парламентот.

ЕУ во свите прогрес‑извештаи по 2023 година оценува дека измените на Кривичниот законик, кои беа усвоени со забрзана парламентарна постапка, ги намалиле максималните казни за одредени кривични дела поврзани со корупција. Ова, според Комисијата, имало негативно влијание врз примената на роковите на застарување и ја отежналo истрагата и гонитбата на високо профилирани случаи на корупција. Тоа довело до застанување или дури прекинување на голем број случаи на корупција од висок профил, вклучувајќи и предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Европската комисија во март 2025 година повторно ја истакна својата сериозна загриженост за измените на Кривичниот законик од 2023, кои според неа ја ослабиле правната рамка и негативно влијаеле на гонењето на корупцијата, и го повикаа Собранието да ја заврши ревизијата на законот како дел од реформската агенда.

Related posts

Фон дер Лајен ја состави новата Европска комисија

admin

Трилинг на ТВ24: Дел од експертите ќе работат „про боно“, дел со хонорари

admin

Германската амбасадорка во Софија: Берлин не поддржува ревизија на Францускиот предлог за Северна Македонија

admin

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Фридрих Мерц избран за канцелар на Германија во вториот круг на гласањето

admin

Командант на КФОР: Да не интервениравме во Косово, сега ќе ги оплакувавме мртвите

admin