33.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Македонија доби трет мобилен оператор

Македонија доби трет мобилен оператор откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја избра компанијата „Оне Македонија телекомуникации“, подружница на унгарската групација 4iG, како најповолен понудувач на тендерот за избор на нов оператор на пазарот.

Одлуката на АЕК отвора десетдневен рок за уплата на еднократниот надомест од 8,02 милиони евра, кој е услов за официјално започнување на дејноста.

Влегувањето на третиот оператор на пазарот на мобилни услуги се очекува да зголеми конкуренцијата, со потенцијално пониски цени и побрз интернет за корисниците, велат аналитичари. Компанијата најави дека во првата година ќе покрие најмалку еден град со 5G сигнал.

Решението ја прекинува двополарната структура на македонскиот мобилен пазар, каде досега доминираа две компании. Одлуката доаѓа по тендерски процес што АЕК го објави минатата година, а кој беше пролонгиран за да се усогласат роковите и условите на учесниците.

Related posts

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

Мицкоски: Ако судиите и обвинителите судат по закон, ќе им ја донирам мојата плата

admin

Македонија се подготвува за екстремен топлотен бран, се очекува прогласување кризна состојба

admin

Линеарното зголемување на пензиите – Пензионерите на улица

admin

Висока е поддршката за НАТО во Северна Македонија

admin

Историски договор меѓу САД и ЕУ: Кој добива а кој губи?

admin