24.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен оператор, планира влез на пазарот со 5Г

„Оне Македонија“ доби лиценца за користење 5Г-радиофреквенциски спектар и официјално ќе започне со работа како трет мобилен оператор во Северна Македонија, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Компанијата најпрво ќе ги нуди услугите на територијата на Скопје, користејќи ја мрежата на постојните оператори преку национален роаминг, додека паралелно ќе гради сопствена мобилна инфраструктура, соопштија од АЕК.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, ги врачи одобренијата на претставниците на „Оне Македонија“, меѓу кои претседателот на одборот на директори Пал Заранди и извршниот директор Бране Ѓуровиќ.

„Очекуваме сериозен удел на пазарот. Спроведениот тендер испраќа јасен сигнал дека земјата е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на безбедни дигитални инфраструктури“, изјави Заранди.

Тој најави дека компанијата ќе развие автономна мрежа и ќе соработува со меѓународни технолошки партнери, вклучително и „Ериксон“, при што ќе ги почитува националните регулативи за безбедност на мрежите.

Од АЕК соопштија дека „Оне Македонија“ на 14 јануари уплатила еднократен надомест од 8,02 милиони евра, со што ги исполнила сите услови за добивање на одобренијата за користење фреквенции во опсезите 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

Според обврските од лиценцата, операторот до крајот на март 2027 година треба да обезбеди 5Г-покриеност во најмалку еден град, до крајот на 2028 година на главните транспортни коридори, а до крајот на 2030 година во сите градови во земјата.

До крајот на 2032 година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до 5Г-интернет со минимална брзина од 100 мегабити во секунда.

Процесот за воведување трет мобилен оператор започна во 2024 година, кога унгарската Групација 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, изрази официјален интерес за влез на телекомуникацискиот пазар.

Владата претходно оцени дека влезот на нов оператор ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата и потенцијално намалување на цените на мобилните услуги, со што ќе се стави крај на дуополот на постојните два оператора.

Related posts

Груевски го обвини Заев за „дволичност“ и корупција во нова објава на Фејсбук

admin

Кос му порача на Мицкоски: Довербата со ЕУ се гради со дела, не со гаранции

admin

Во „четворката“ Филипче полумилионер – во просек едно пратеничко столче „тежи“ над 165 илјади евра

admin

5 пораки од источните избори во Германија

admin

Под санкции, Литаско брзо се намалува додека ЛУКОИЛ се бори со ограничен пристап до финансии

admin

Грозоморен инцидент во училиште во Ѓорче Петров: Првооделенци се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише

admin