7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Новите шенгенски правила ги кочат превозниците, економијата се соочува со ризици

Новите правила за електронска евиденција на влез и излез во Шенген-зоната сериозно ја погодуваат транспортната индустрија и ѝ нанесуваат штета на домашната економија, предупреди вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, јави Дојче веле (DW).

Според Николоски, примената на системот ЕЕС (Entry/Exit System) и ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена создаваат застои, го намалуваат обемот на работа на превозниците и носат ризик од милионски загуби.

„Една година алармираме за проблемот, но нема разбирање. Ова претставува сериозен економски ризик, не само за Македонија, туку и за целиот регион“, изјави Николоски.

Тој најави дека од 26 јануари е планиран седумдневен протест и блокади на граничните премини кон земјите од Шенген-зоната, во кои ќе учествуваат превозници од Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Николоски предупреди дека последиците може да вклучуваат недостиг на прехранбени производи и лекови, застој на производството и раскинување на извозни договори. Според него, зголемување на трошоците за транспорт од 3 до 5 проценти би ги направило македонските производи неконкурентни на европскиот пазар.

Тој додаде дека некои компании веќе пресметуваат загуби од околу 1,5 милион евра неделно, а новите правила го намалуваат времето што возачите можат да го поминат во ЕУ за околу 50 проценти, што ја доведува во прашање одржливоста на транспортниот бизнис.

Системот ЕЕС, кој официјално стартуваше во октомври 2025 година, постепено ги заменува печатите во пасошите на надворешните граници на Шенген-зоната и се однесува на државјани на земји надвор од ЕУ и ЕФТА, вклучително и професионалните возачи од Западен Балкан.

Покрај ЕЕС, дополнителен притисок врз економијата создаваат и правилата за карго-сертификати и квотите за извоз на челик, при што земјите од Западен Балкан се третираат како трети земји.

Николоски предупреди дека брзото исцрпување на квотите може да доведе до високи царини и сериозно да ја загрози челичната индустрија во регионот.

Related posts

Пендаровски: Не сум безгрешен, но мојата совест е мирна

admin

Шега или скандал? Кимел и Трамп во жесток судир по обидот за атентат

admin

Австрија бара македонското МВР да го провери првоосомничениот за планиранирање терористички напад

admin

Бугарски аналитичар: Северна Македонија е во ќорсокак, без нова визија за ЕУ

admin

Додека се чека одговорот од Хамас за примирје, Трамп нуди лична гаранција за завршување на војната

admin

MI6 пред Франција и Германија: Британската служба прогласена за број еден во Европа

admin