18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Европската комисија ја следи состојбата по блокадите на границите од превозниците од Западниот Балкан

Европската комисија соопшти дека е свесна за загриженоста на транспортните оператори од Западниот Балкан поради блокадите на граничните премини и дека внимателно ја следи состојбата, изјави денеска портпарол на Комисијата.

„Во контакт сме со нашите партнери од регионот и внимателно ја следиме ситуацијата на терен“, рече портпаролот, коментирајќи ги протестите на камионските превозници поврзани со примената на правилата за престој во Шенген-зоната.

Од денеска, превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора започнаа координирани блокади на граничните премини, со што е запрен товарниот сообраќај кон земјите на Европската Унија. Автомобилскиот и автобускиот сообраќај, според организаторите, се одвива без прекин.

Превозниците бараат итно решение од Брисел за ограничувањата за престој во Шенген-зоната, кои, според нив, сериозно го отежнуваат работењето и доведуваат до финансиски загуби.

Блокадите предизвикаа реакции и од стопанските комори во регионот, кои предупредија дека прекинот на товарниот сообраќај може да го наруши протокот на стоки и синџирите на снабдување и да има негативно влијание врз економиите на Западниот Балкан.

Во Србија, камионџиите најавија блокади на повеќе од 15 гранични премини, додека во Црна Гора е блокиран и влезот во пристаништето Бар. Организаторите најавија дека протестите ќе траат неколку дена доколку не се најде институционално решение.

Европската комисија засега не најави конкретни промени во шенгенските правила, но повтори дека останува отворена за дијалог со засегнатите страни.

Related posts

Бешири: Вучиќ е политички ранет, но нема доброволно да се повлече

admin

Лидерска само со Касами и Апасиев?

admin

“Нема договор меѓу Меџити и Касами за раководење со ВЛЕН”: Фетаи ја обвини ДУИ за „спин“

admin

Софија и Скопје го продлабочуваат јазот – Брисел алармира

admin

Белата куќа се подготвува за долга војна со Иран: „Ќе ги удриме уште посилно“

admin

Стармер оди во Пекинг: економски спас за Британија или опасен судир со Трамп?

admin