8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Министерството за здравство отвори истрага за наводниот извоз на човечки мозоци за научни цели

Министерството за здравство на Северна Македонија формираше работна група која ќе ги испитува наводите за испраќање човечки мозоци во САД во рамки на научна соработка, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Работната група ќе проверува дали постоела соодветна документација, дали била обезбедена согласност од семејствата, како и дали биле почитувани законските и етичките стандарди.

Алиу изјави дека истрагата ќе го опфати периодот од 1994 до 2015 година, кога, според достапните информации, била активна соработката со Универзитетот Колумбија во Њујорк.

„Ќе се провери дали во Министерството постоеле договори, меморандуми или други акти поврзани со научни или клинички истражувања. Очекувам за кратко време да добијам информации од надлежните сектори“, изјави Алиу за телевизијата Коха, додавајќи дека засега станува збор за непотврдени тврдења.

Јавното обвинителство засега не коментираше дали ќе отвори постапка.

Според досегашните информации, во проектот биле вклучени државните психијатриски болници во Бардовци, Демир Хисар и Негорци, а македонски патолози и форензичари соработувале со американскиот универзитет на развој на метод за анализа на мозочно ткиво, познат како „нео-Голџи“.

Методот е опишан во научен труд објавен во 2013 година, потпишан од професорите Алексеј Дума, Горазд Росоклија и Ендру Џеј Диворк. Во трудот се наведува дека биле анализирани над 200 примероци од повеќе од 170 обдукции.

Професорот Росоклија претходно изјави дека примероците потекнувале од заедничка колекција на македонски и американски психијатриски институции, најчесто од лица со психијатриски дијагнози.

Случајот привлече јавен интерес откако американското Министерство за правда објави документи поврзани со Џефри Епстин, во кои се споменува соработка на неговата фондација со Универзитетот Колумбија и користење биолошки материјал од, како што е наведено, „мала балканска земја“.

Related posts

Нападите на Хезболах може да бидат полоши од Хамас

admin

ЕУ и префрли на Украина 1,5 милијарди евра од замрзнатите руски средства

admin

Опозицијата во Унгарија прогласи убедлива победа, Орбан призна пораз по 16 години на власт

admin

ЗА 14 МЕСЕЦИ ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА 355 ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

ninja

Меџити: Време е за создавање нова меѓуалбанска политичка култура

admin

Бајден загрижен за ситуацијата на Косово, ангажира помошник да разговара со Вучиќ и Курти

admin